Прирачник за партиципативно буџетирање - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Прирачник за партиципативно буџетирање PDF Print E-mail

Автори: д-р Никица Мојсоска-Блажевски, м-р Мишо Николов
Дата: јануари 2011 година
ISBN: 978-608-4617-04-4
PDF:   priracnik-za-participativno-bugetiranje-2011.pdf

Прирачник за партиципативно буџетирањеПубликацијата „Прирачник за партиципативно буџетирање“ е алатка којашто треба да им послужи на граѓанските организации, државните службеници, студентите и општо на јавноста да се запознаат со основните поими и факти за буџетот во Република Македонија, за економијата на јавните пари и за концептот на партиципативното буџетирање.

Намерата на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и на Универзитетот Американ колеџ Скопје како издавачи на оваа публикација е да придонесат „комплексниот“ буџет да биде појасен и лесно читлив за јавноста, а наедно и да овозможат граѓаните на Република Македонија да бидат активни чинители и вклучени во дебатите околу буџетот како на национално така и на локално ниво.

Прирачникот се состои од три дела. Првиот дел содржи теоретски осврт на неколку клучни поими како: буџет, јавни расходи и приходи и нивна поделба, буџетско салдо и јавен долг. Вториот дел претставува приказ на буџетот на Република Македонија со прегледи и примери, додека третиот дел дава осврт на концептот на партиципативно буџетирање и од историска и од практична гледна точка.

Прирачникот е подготвен од д-р Никица Мојсовска-Блажевски со поддршка на м-р Мишо Николов и двајцата од Универзитетот Американ колеџ Скопје.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications Resource materials