Sharing of Power in Municipalities |
Автори: д-р Мирјана Малеска; д-р Лидија Христова; д-р Јован Ананиев Нов модел на одлучување во мултикултурните општини во Македонија. Како да се оствари полно и ефикасно учество на малцинствата во мултиетничките општини во Македонија? Кои мерки за консултација и кои структури треба да се употребат за да ги поврзат личностите кои припаѓаат на националните малцинства со одлуките коишто ги засегаат? Каква политичко претставување за малцинствата? Дали и како учествуваат малцинствата во градењето на политиките и донесувањето на одлуките во мултиетничките општини како што се Гостивар, Кичево, Дебар и Струга? Како влијаат? Треба ли да имаат право на малцинско вето и за кои прашања? Моделот на “споделување на власта” е реплика на нашата сложена реалност. Тој не е смислен во научните кабинети, туку е производ на внатрешен конфликт и меѓународно учество во неговото решавање. Најдлабоката суштина на уставните измени по конфликтот од 2001 г. е како во иднина да се избегне мајоризација, како малцинствата да партиципираат во власта, на начин кој ќе ја подобри нивната општествена положба, а нема да ја дестабилизира државата. Потоа, како тие да не бидат дискриминирани или Клучен аспект на модерното разбирање на демократијата и малцинските права е принципот на учество на малцинствата во процесот на одлучување за прашањата кои директно ги засегаат, како на национално, така и на локално ниво (чл. 15 од Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства), иако не е секогаш едноставно да се дефинира што е тоа што директно ги засега. Постои согласност околу тоа дека “полното и ефикасно учество” оди над политичкото учество и ги опфаќа социјалната и економската интеграција на малцинствата во општеството. Овој проект не одеше во таква ширина. Нашето истражување се ограничи на политичкото учество. Поточно, се насочи кон неколку клучни точки на моделот на “споделување на власта”: децентрализацијата на власта, праведната застапеност на малцинствата во јавните служби и општинската администрација; учество и влијание врз градењето политики и одлучувањето во општините и употреба на јазикот и симболите на малцинствата во општините што ги одбравме како примерок на истражувањето: Гостивар, Кичево, Стуга и Дебар, каде Македонците и Албанците се и “мнозинство” и “малцинство”. Во истражувањето се применети следните истражувачките методи: непосредно набљудување на седниците на советите на општините, прибирање објективни показатели за општините, интервјуа со републички и општински функционери, интервјуа со членови на советите на општините од различни политички партии и анкета со граѓани. Во ова резиме, ги наведуваме кратко само најважните сознанија, како и нашите препораки. Иако истражувањето се одвиваше од октомври 2005 до јуни 2006 год., се надеваме дека нашиот напор и посветеноста на идејата ќе претставува придонес кон подобрување на состојбата на малцинските заедници во Македонија. |