Огледало на Владата 2014: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Огледало на Владата 2014: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони PDF Print E-mail

Автори: Симона Огненовска, Борјан Ѓузелов
Дата: октомври 2014 г.
ISBN: 978-608-4681-26-7
PDF:  analiza-ogledalo-na-vladata-2014.pdf

analiza-ogledalo-na-vladata-2014Публикацијата „Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ е алатка која треба да им послужи на граѓанските организации, државните службеници и општо на јавноста да се информираат за отвореноста на органите на државна управа и да ги зголемат знаењата и можностите за вклучување за процесите на подготовка на закони.

Анализата се состои од два дела. Првиот дел ги содржи резултатите добиени со прашалници испратени до органите на државна управа. Преку нив е оценета отвореноста на органите на државна управа во комуникацијата со јавноста и отвореноста на процесите на подготовка на 27 акти на 12 министерства. Во вториот дел се претставени резултатите од следењето на минимумот стандарди за учество на јавноста во подготовка на законите, односно запазувањето на временскиот рок за консултации за објавените предлог-закони на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Оваа анализа e подготвена по втор пат. Заснована на методологија развиена од Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија. МЦМС во 2013 ја издаде првата анализа со финансиска поддршка од ЕУ од инструментот ЕИДХР. Следењето на ЕНЕР и отвореноста на институциите општо за комуникација со јавноста и за транспарентност на процесите на подготовка на законите, продолжи со проектот „Огледало на Владата“ кој ќе се спроведува од 2013 г. до 2016 г. во рамките  Програмата на УСАИД за антикорупција.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Research & Publications