| Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество. Цел на проектот е Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија. Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други), кои имааат потреба и ќе нарачаат обуки и консултации од страна на МЦМС. Очекуван резултат на проектот е: Oбезбедени знаења и вештини кои придонесуваат кон развивање на капацитетите на претставници на граѓанските организации и други актери на грѓанското општество, како и на сите други на кои МЦМС ќе им испорача скроена обука по нарачка. Во рамките на овој проект се спроведоа следниве активности: Во рамките на овој проект беа спроведени следниве активности: 
 Обука за Раководење со проектен циклус/Идентификација на потреби за Хабитат фор Хуманитѕ Интернатионал, Будимпешта, Р. Унгарија; Обука за стратешко планирање за Здружене на судии во Р. Македонија (за ОБСЕ); Обука за стратешко планирање за Здружение на јавни обвинители во Р. Македонија (за ОБСЕ) ; Обука за стратешко планирање за Македонското здружение на млади правници (за ОБСЕ); Обука за проектен менаџмент за Граничната полиција на Р. Македонија (за ОБСЕ); Обука за стратешко планирање за МАССО (Македонска асоцијација за слободна сексуална ориентација) и Коалицијата на невладини организации за промоција и заштита на сексуалните права и сексуалното здравје); Обука за раководење со човечки ресурси за Меѓународната мрежа за борба против трговија со луѓе ЛА СТРАДА; Подготовка на стратешки план за Стопанска комора на Северозападна Македонија; Обука за ИПА фондови за Цросс-Бордер Институтион Буилдинг; Стратешко планирање за Здружение на новинари на Македонија; Обука за Добро управување за ЦИРА (Центар за институционален развој); Обука за Добро управување и Административно работење за Фондацијата ФОКУС, Велес; Обука за комуникациски вештини и административно работење за Министерството за труд и социјална политикаМЦМС беше целосно одговорна за спроведување на проектот.
 Временскиот период на спроведување е 01 март – 31 декември 2007 година. Трошоците за проектот изнесуваат 847.436,00 МКД. |