Консултации за различните актери на граѓанското општество - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Консултации за различните актери на граѓанското општество PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Општа цел на проектот е развиени организациски и институционални капацитети на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество.

Цел на проектот е Зајакнати човечки ресурси помеѓу актерите на ГО во Македонија.

Целна група на проектот се актерите на граѓанското општество, односно формалните граѓански организации и мрежи како и сите други актери на граѓанското општество (синдикати, верски заедници и други), кои имааат потреба и ќе нарачаат обуки и консултации од страна на МЦМС.

Очекуван резултат на проектот е:

Oбезбедени знаења и вештини кои придонесуваат кон развивање на капацитетите на претставници на граѓанските организации и други актери на грѓанското општество, како и на сите други на кои МЦМС ќе им испорача скроена обука по нарачка.

Во рамките на овој проект се спроведоа следниве активности: Во рамките на овој проект беа спроведени следниве активности:

  1. Обука за Раководење со проектен циклус/Идентификација на потреби за Хабитат фор Хуманитѕ Интернатионал, Будимпешта, Р. Унгарија;
  2. Обука за стратешко планирање за Здружене на судии во Р. Македонија (за ОБСЕ);
  3. Обука за стратешко планирање за Здружение на јавни обвинители во Р. Македонија (за ОБСЕ) ;
  4. Обука за стратешко планирање за Македонското здружение на млади правници (за ОБСЕ);
  5. Обука за проектен менаџмент за Граничната полиција на Р. Македонија (за ОБСЕ);
  6. Обука за стратешко планирање за МАССО (Македонска асоцијација за слободна сексуална ориентација) и Коалицијата на невладини организации за промоција и заштита на сексуалните права и сексуалното здравје);
  7. Обука за раководење со човечки ресурси за Меѓународната мрежа за борба против трговија со луѓе ЛА СТРАДА;
  8. Подготовка на стратешки план за Стопанска комора на Северозападна Македонија;
  9. Обука за ИПА фондови за Цросс-Бордер Институтион Буилдинг;
  10. Стратешко планирање за Здружение на новинари на Македонија;
  11. Обука за Добро управување за ЦИРА (Центар за институционален развој);
  12. Обука за Добро управување и Административно работење за Фондацијата ФОКУС, Велес;
  13. Обука за комуникациски вештини и административно работење за Министерството за труд и социјална политика
    МЦМС беше целосно одговорна за спроведување на проектот.

Временскиот период на спроведување е 01 март – 31 декември 2007 година.

Трошоците за проектот изнесуваат 847.436,00 МКД.

 

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Fillimi Për punën tonë Programet