Градење капацитети за ЗЕЛС - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Градење капацитети за ЗЕЛС PDF Print E-mail

Националните и регионалните институции/организации, во тој контекст и ЗЕЛС, како механизам за координација, вмрежување, лобирање и застапување на нејзините конституенти членки Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) имаат суштинска улога за успехот на процесите на децентрализацијата.

Зајакнувањето на институционалниот и управувачкиот капацитет на ЗЕЛС и на нејзините конституенти членки Единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) се јавува како еден од поважните фактори во обезбедување долгорочен и одржлив развој на заедниците.

Општа цел на проектот е подобрени услуги за граѓаните во локалните и руралните заедници.

Цел на проектот е подготвеност на Заедницата на единиците на локалната самоуправа во Република Македонија (ЗЕЛС) за континуирано практикување на иновативни модели и модернизација.

Целна група на проектот се заедници, ЕЛС и ЗЕЛС.

Целното подрачје ја опфаќа целокупната територија на Република Македонија.

Очекуван резултат е: Воспоставен систем при ЗЕЛС за утврдување на потребите од обука во ЕЛС.

Активностите преку кои ќе се постигне горенаведениот резултат се: Креирање на база на податоци за одговорни лица при ЕЛС за управување со човечки ресурси; Работилници и средби за формирање на национална мрежа на одговорни лица при ЕЛС за управување со човечки ресурси; и Изготвување на извештај за потребите од обука во ЕЛС за 2009-10 година.

Работилниците и средбите за формирање на национална мрежа на одговорни лица при ЕЛС за управување со човечки ресурси ќе опфатат: утврдување на правилник за работа на мрежата, обука за методологија за утврдување на потребите од обука, и воспоставување на систем за комуникација.

Извештајот за потребите од обука ќе биде изготвен со помош на анкетен прашалник кој ќе се достави до ЕЛС.
МЦМС има одговорност за управување на проектот, а заедно со ЗЕЛС имаат одговорност за негово спроведување.

Успешната и навремена реализација на проектот ќе зависи од претпоставката дека ЗЕЛС и нејзините членки имаат капацитет за успешно и квалитетно да ги спроведат планираните активности. Оттука, еден од ризиците во остварување на целите на проектот е непостоење на доволен капацитет на ЗЕЛС и нејзините членки за соработка. Тоа може да доведе до пробивање на планираните рокови за спроведување на проектните активности или до не/нецелосно спроведување на дел од активностите.

Одржувањето на локалните и претседателски избори во март 2009 година, се гледа како ризик кој, иако е земен во предвид при планирањето на активностите, може да влијае на поместување на планираната динамика за спроведување на активностите. Посебно се истакнува ризикот од традиционалното спроведување на поголеми кадровски и стратешки промени во локалната самоуправа со промена на градоначалниците/политичката партија на власт на локално ниво.

Ризик за (не)успешна реализација на целите на проектот е во корелација со поддршката на ЗЕЛС од други актери/агенции. Имено, планираната поддршка со проектот може да не е доволен инпут во остварувањето на целта на проектот. Синергијата помеѓу планираните проектни активности и поддршката од другите релевантни актери/агенции е секако важен удел во подобрување на капацитетите на ЗЕЛС и нејзините членки.

Временскиот период на спроведување е 02 март – 30 јуни 2009 година.

Финансискиот план на проектот изнесува 642.500 МКД.  МЦМС обезбедува 450.800 МКД (директни трошоци) средства кои се донација на ЕЕД од Германија (www.eed.de). Останатите средства во износ од 191.700 МКД се сопствено директно учество на ЗЕЛС.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Programmes