Структура за поддршка и градење капацитети - извршно резиме |
Начелата за еднаквост и недискриминација се основни елементи на меѓународната законска рамка во однос на човековите права. И покрај тоа што Република Македонија ги ратификува повеќето од меѓународните правни инструменти, во државата нема разработена стратегија за промоција на човековите права и слободи како и подигање на капацитетите на граѓанските организации и државните органи во таа насока. Немањето соодветни системи и постапки се надополнува со не функционални институции. Граѓанското општество од своја страна во моментов е доста фрагментирано и со ниско ниво на активизам на граѓанските организации и граѓаните за прашања од областа на недискриминацијата. На почетокот на годината, во рамките на Министерството за труд и социјална политика формирана е работна група за подготовка на општ Закон за недискриминација. Граѓанските организации имаат свои претставници во ова тело. Општа цел е понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија. Цел на проектот подобрена координираност и заедничко делување на граѓанските организации и државните институции во промоцијата на еднаквите можности и недискриминацијата, и јакнење на нивните капацитети. Целна група се граѓанските организации и претставници од органите на државната управа. Целното подрачје е Република Македонија. Очекувани резултати од проектот се: воспоставена граѓанска коалиција за недискриминација; зајакнати капацитети на граѓанските организации членки на координативното тело; зајакнати капацитети на државните институции, пред се на канцеларијата на Народниот правобранител. Проектот ќе се состои од три активности: Воспоставување граѓанска коалиција за недискриминација Градење капацитети на граѓанската коалиција за недискриминација Градење капацитети на државните институции Периодот на спроведување е 1 април – 31 декември 2008 година. Активностите ќе бидат спроведувани во координација со вклучените граѓански организации, а пред се со секретаријатот на коалицијата МЦМС во консултации со вклучените организации е одговорен за донесувањето на одлуките и спроведување на проектот. |