Квалитетно образование за сите - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Квалитетно образование за сите PDF Print E-mail

Република Македонија е земја со разноликост на етнички групи, но и разни социјални и маргинализирани групи. Еден од најголемите проблеми кои се јавуваат во нашето општество е сегрегација на етничките и маргинализираните групи во сите аспекти на општествениот живот, а посебно во образовниот процес. Тука, акцент е ставен на децата, кои наместо во училишните клупи се наоѓаат на улица, каде не ретко се жртви на насилство, се експолоатира нивниот труд, стануваат жртви на малолетничка деликвенција и сл.

mbd103Општа цел на проектот беше понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија.

Цел на проектот беше придонес кон еднакви можности и намалување на исклучувањето на децата од маргинализираните групи од задолжителниот образовен процес во Македонија.

Целна група на проектот беа претставници на релевантни јавни установи: Министерство за образование и наука и неговите тела (Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на етничките заедници и Бирото за развој на образованието), основните училишта и единиците на локалната самоуправа. Дел од активностите беа насочени и кон општата јавност. Директни корисници беа околу 2616 ученици од 49 училишта во Република Македонија.

Постигнати резултати со проектот беа: учество на 2.616 ученици од 48 основни училишта и голем број јавни личности во „најмасовниот училиштен час“; одржани 4 дебати во основните и средните училишта; одржана мини кампања за намалување на исклучувањето на децата од образовниот процес.

Во рамките на проектот се спроведоа следните активности:

  • Еднодневна медиумска тура во која претставници од медиумите беа во можност да ја согледаат разликата меѓу децата кои имаат услови за образование, и оние кои од различни причини се исклучени од образовниот процес. Како резултат на ова активност беше објавена сторија во дневникот на телевизија Канал 5, и два пишани записи во дневните весници Дневник и Утрински весник.
  • Група од 12 деца беа на прием во Министерството за образование, каде што децата имаа можност да поставуваат прашања до Советникот за основно и средно образование.
  • Најголем училиштен час беше главниот настан на Глобалната недела на акција, кој се одржа на 23 април 2008 година. На настанот учествуваа 2616 ученици во 49 училишта, додека централниот настан се одржа во основното училиште „26 јули“ во општина Шуто Оризари.
  • Ден на дебати беше активност во која десет основните и средните училишта дебатира на тема „Како да се придонесе за поквалитетно образование и да се постигне крај на неписменоста“. Централната дебата беше на Филозофскиот факултет на „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествуваа претставници на студентски организации, на граѓански организации кои работат во областа на образованието, професори и студенти.
  • Културно образовна манифестација се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Периодот на спроведување на проектот беше од 1 април до 30 јуни 2008 година.

Предуслов кој беше потребен за реализација на проектот беше добиената дозвола (согласност) од Министерството за образование и наука за вклучување на училиштата во предвидените активности.

Во спроведување на проектот беа вклучени и други организации како: Младински образовен форум, Блу скај, Тријаголник и др.

ПДАС „Меѓаши“ беше одговорен за спроведување на проектот, додека МЦМС го набљудуваше неговото спроведување.

Вкупниот буџет изнесува 269.000 денари.

 

Извршно резиме од проектот.

 

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home Our Work Programmes