Реформи во полицијата во Северна Ирска - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реформи во полицијата во Северна Ирска PDF Print E-mail
Saturday, 29 May 2010 11:47

Од 23-ти до 28-ми мај 2010, МЦМС организираше студиска посета на Белфаст (Северна Ирска). Целта беше да се разменат постконфликтните искуства помеѓу Македонија и Северна Ирска од делокругот на полицијата и правдата.

Реформи во полицијата во Северна Ирска

Во посетата учествуваа 15 претставници на Собранието на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи, Управата за извршување на санкции, Народниот правобранител, Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, Правниот факултет „Јустинијан I“, Коалицијата „Сите за правично судење“,  ХДЗР „Месечина“ и МЦМС.


Медијација Северна Ирска (Mediation Northern Ireland), Ресторативна правда во заедницата - Ирска (Community Restorative Justice Ireland), Алтернативи на Северна Ирска (Northern Ireland Alternatives), Полициска служба на Северна Ирска (Police Service Northern Ireland), Полициска служба на Ирска (Garda Síochána), Полициски инспекторат на Ирска (Garda Inspectorate), Полициски омбудсман за Северна Ирска (Police Ombudsman of Northern Ireland), Комитет за управување со правда (Committee on the Administration of Justice), Полициски одбор за Северна Ирска (Northern Ireland Policing Board), Собрание на Северна Ирска (Northern Ireland Assembly), Одбор за условно казнување на Северна Ирска (Probation Board Northern Ireland), Затворска служба на Северна Ирска (Northern Ireland Prison Service), Агенција за малолетничка правда (Youth Justice Agency), Центар за малолетници (Woodlands Juvenile Center), Универзитет Квинс (Queen’s University Belfast), Лекување преку сеќавање (Healing through Remembering), Група за мир и помирување (Peace and Reconciliation Group), Центар Пат Финукан (Pat Finucane Centre).  

За време на средбите учесниците имаа можност да се запознаат и со деталната историја на конфликтот помеѓу Католиците и Протестантите во Северна Ирска и реформите кои се спроведени во текот на последните 10 години како резултат на мировниот договор од 1998 година.

Претставниците на полициската служба на Северна Ирска ги информираа учесниците за политиката на позитивна дискриминација која била воведена по склучувањето на мировниот договор од Велики Петок. Врз основа на оваа политика полицијата регрутира 50% од своите службеници од католичката заедница за да го реши прашањето на недоволна застапеност по верска основа која постоеше. Новото име и симболи на организацијата ги опфаќаат и двата аспекти на заедницата во Северна Ирска. Очекувањата се до 2011 година 30% од полициските сили да бидат составени од Католици.

Организациите Ресторативна правда во заедницата - Ирска и Алтернативи на Северна Ирска имаат развиено програми за ресторативна правда во „националистичките“ и „лојалистичките“ области. Тие им овозможуваат на локалните заедници да работат заедно со телата задолжени за спроведување на законот. Овие две организации работат интензивно со младите луѓе кои биле обвинети за кривични дела против општеството и се активни на полето на медијација помеѓу жртвата и сторителот, репарација во заедницата и учење. Алтернативи на Северна Ирска е вклучена и во медијација на спорови во заедницата.

Претставниците од Агенцијата за малолетничка правда ги запознаа учесниците со главната цел на оваа институција, а тоа е да се намали стапката на кривични дела кај младите и да се зголеми довербата во системот за малолетничка правда. Агенцијата работи со деца на возраст од 10 до 17 години кои веќе направиле престап како и деца кои доаѓаат од проблематични средини и постои опасност да го направат. Учесниците имаа можност да слушнат за новите мерки во работата со децата кои направиле престап, а кои биле воведени со Законот за правда од 2002 година од кои најважната е конференција со младите која се базира на принципот на инклузивна ресторативна правда.

Реализираните средби им овозможија на учесниците да се запознаат со искуствата на Северна Ирска во однос на трансформација на конфликтот и градење мир. Разговорите поттикнаа подлабоки размислувања за моменталните предизвици присутни во областите полиција и правда како и поголема свесност и разбирање за причините кои довеле до конфликтот.

Воспоставените контакти ќе бидат основа за понатамошна поинтензивна соработка помеѓу институциите во Северна Ирска и Македонија што ќе придонесе за поефикасно справување со проблемите со кои се соочуваат овие две мултикултурни и постконфликтни општества.

Студиската посета беше дел од проектот „МОСТ“ кој заеднички го спроведуваат МЦМС и граѓанската организација Mediation Northern Ireland од Белфаст. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и е дел од програмата Мир III.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Реформи во полицијата во Северна Ирска