Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности PDF Print E-mail
Thursday, 09 April 2009 11:03

Граѓаните се повеќе учествуаат во непартиски, политички активности[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општeствената одговорност на граѓаните. Во ова соопштение ви ги презентираме податоците за вториот дел од истражувачкиот извештај – учество во непартиски политички активности.

 

Учеството на граѓаните во непартиски политички активности е мерено преку: учество во петиции, учество во протести, бојкот (некупување производи и сл.) и пополнување граѓански дневник. Последните две се нови категории споредено со претходното истражување од 2007 г., а се заменети пишувањето во весник (заради незначително учество во минатите истражувања) и јавување на телефонска линија (заменето со граѓански дневник).

Дека учествувале на протест (демонстрација, митинг) изјавиле 40,4 % од граѓаните. На протести учествувале повеќе мажите отколку жените (за 12,4 %), повеќе етничките Албанци отколку етничките Македонци (за 13,4 %) и повеќе оние со повисоко образование.

Околу една третина (31,7 %) од граѓаните потпишале петиција во последните 5 години.

Кај двете категории има значително зголемување (речиси удвоено) во однос на претходното истражување. Кај протестите зголемувањето е од 22,4 % на 40,4%, а кај петициите од 15,3 % на 31,7 %. Со тоа, учеството се доближува на нивото од 2004 година (44,6 % за протести и 36,7 % за петиции).

Потенцијалот за поголемо учество на граѓаните е релативно голем (24,3 % и 34,3 %), додека околу третина од популацијата воопшто не би учествувала во протести и петиции.

Во новововедените категории, бојкот и граѓански дневник, учеството на граѓаните е мало (16,7 %, односно 12,3 % респективно), а потенцијалот за учество идентичен (28,4 %) за двете категории. Кај граѓански дневник, малото учество можеби се должи и на релативно краткото време (околу 3 години) од неговото воведување и (не)информираноста на граѓаните за таа можност.

Општествена одговорност на граѓаните.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности