Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E enjte, 09 prill 2009 11:03

Граѓаните се повеќе учествуаат во непартиски, политички активности[Прес соопштение] Македонскиот центар за меѓународна соработка по трет пат ја истражуваше општeствената одговорност на граѓаните. Во ова соопштение ви ги презентираме податоците за вториот дел од истражувачкиот извештај – учество во непартиски политички активности.

 

Учеството на граѓаните во непартиски политички активности е мерено преку: учество во петиции, учество во протести, бојкот (некупување производи и сл.) и пополнување граѓански дневник. Последните две се нови категории споредено со претходното истражување од 2007 г., а се заменети пишувањето во весник (заради незначително учество во минатите истражувања) и јавување на телефонска линија (заменето со граѓански дневник).

Дека учествувале на протест (демонстрација, митинг) изјавиле 40,4 % од граѓаните. На протести учествувале повеќе мажите отколку жените (за 12,4 %), повеќе етничките Албанци отколку етничките Македонци (за 13,4 %) и повеќе оние со повисоко образование.

Околу една третина (31,7 %) од граѓаните потпишале петиција во последните 5 години.

Кај двете категории има значително зголемување (речиси удвоено) во однос на претходното истражување. Кај протестите зголемувањето е од 22,4 % на 40,4%, а кај петициите од 15,3 % на 31,7 %. Со тоа, учеството се доближува на нивото од 2004 година (44,6 % за протести и 36,7 % за петиции).

Потенцијалот за поголемо учество на граѓаните е релативно голем (24,3 % и 34,3 %), додека околу третина од популацијата воопшто не би учествувала во протести и петиции.

Во новововедените категории, бојкот и граѓански дневник, учеството на граѓаните е мало (16,7 %, односно 12,3 % респективно), а потенцијалот за учество идентичен (28,4 %) за двете категории. Кај граѓански дневник, малото учество можеби се должи и на релативно краткото време (околу 3 години) од неговото воведување и (не)информираноста на граѓаните за таа можност.

Општествена одговорност на граѓаните.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Граѓаните се повеќе учествуваат во непартиски политички активности