Најчест облик на дискриминацијата е онаа по партиска основа - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Најчест облик на дискриминацијата е онаа по партиска основа PDF Print E-mail
Friday, 04 September 2009 14:15

Барометар за еднакви можности[Прес соопштение] МЦМС го спроведе истражувањето наречено Барометар за еднакви можности. Истражувањето е дел од програмата Прогрес на Европската комисија што заедно со МЦМС ја спроведуваат и Полио плус, Центарот за човекови права и разрешување конфликти и Министерството за труд и социјална политика.

Во ова соопштение ви презентираме дел од истражувачкиот извештај што се однесува на перцепција на дискриминацијата и на искуствата поврзани со дискриминацијата.

Перцепција на дискриминацијата

Според резултатите од истражувањето, дискриминацијата по партиска основа се смета за најчест (78%) облик на дискриминација во Република Македонија, потоа следува дискриминацијата по етничка основа (55%) и дискриминацијата по основ на возраст (48,5%). Дури 60% од граѓаните на РМ сметаат дека дискриминацијата по основа на партиска припадност е почеста сега, отколку пред пет години.

Резултатите покажуваат дека веројатноста да се перципира позачестено присуство на определен облик на дискриминација е поголема доколку лицата имаат другари и/или познаници кои припаѓаат на групи подложни на дискриминација, а уште поголема доколку себеси се доживуваат како припадници на малцински групи подложни на дискриминација.

Во земјите од ЕУ дискриминацијата по етничка основа се перципира како најраспространета, а по неа следува дискриминацијата базирана на сексуална ориентација. Жителите на ЕУ сметаат дека дискриминацијата по сите основи, освен по етничка припадност, бележи тренд на намалување.

Половина од граѓаните 51% сметаат дека дискриминацијата по повеќе основи е честа појава во РМ. Овој став, само за 3 процентни поени се разликува од ставот на граѓаните на ЕУ.

Искуства од дискриминацијата

Граѓаните тврдат дека се чувствуваат главно пријатно во врска со различноста во своето опкружување, единствено потребата за социјално дистанцирање од лицата со хомосексуална ориентација е многу високо изразена. Кога се работи за јавната сфера, искажаната толерантност за разликите се намалува. Граѓаните многу лесно би можеле да прифатат претседател на РМ да биде жена, и тоа многу полесно отколку носител на највисоката изборна позиција на листа да биде во рацете на припадник на политичка партија од опозицијата и уште повеќе, отколку да биде во рацете на припадник на немнозинската етничка или религиска група. Сепак реалноста покажува нешто друго. Токму родовата димензија беше потенцирана како исклучително значајна на последните локални избори (мар 2009) кога за прв пат не е избрана ниту една жена градоначалник.

Дури 33,5% од испитаниците се изјаснуваат дека во текот на последната година биле жртва на дискриминација или малтретирање. Најчесто посочена е дискриминацијата по основа на партиска припадност. Резултатите укажуваат на силно изразена поврзаност меѓу самоопределувањето како припадник на определена малцинска група подложна на дискриминација и личното доживување на жртва на дискриминација.

Дека во текот на последната година биле повеќекратно дискриминирани изјавиле 17% од испитаниците. Всушност, половина од испитаниците кои почувствувале дискриминација по каква било основа биле дискриминирани по две или повеќе основи.

Во текот на последната година, сведоци на дискриминација или малтретирање на други лица се изјасниле дека биле 38,8% од испитаниците. Степенот на дискриминација во РМ е далеку поголем од просечниот степен на дискриминација во земјите на ЕУ.

Разликите во возраста, образованието, етничката и религиската припадност на граѓаните на РМ придонесуваат да се јават разлики во забележувањето и искажувањето на сопственото присуство при дискриминација или малтретирање на други.

Анкетата е направена од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во соработка со Брима од Скопје на примерок од 1.606 испитаници. Истражувани се перцепциите, ставовите, познавањата и свесноста за дискриминација по следните основи: пол, етничка припадност, религија или уверување, возраст, инвалидност (односно попреченост во развојот), сексуална ориентација и партиска припадност. Автор на извештајот е проф. д-р Виолета Петроска-Бешка.

Барометар за еднакви можности

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Најчест облик на дискриминацијата е онаа по партиска основа