Saturday, 07 November 2009 14:03 |
Советодавниот комитет на Цивикус – Индексот на граѓанското општество го одржа својот прв состанок на 4 ноември 2009 година. Членовите на Комитетот имаа можност да слушнат повеќе информации за овој акциско-истражувачки проект кој ја проценува состојбата со граѓанското општество во земјите во светот. Тие низ дискусијата ги одредија најважните општествени и политички прашања во Македонија, темите за кои ќе се направат прикази на случај и клучните личности со кои ќе бидат направени интервјуа во подоцнежните фази на истражувањето.

|