Обука за фотографирање |
Saturday, 07 March 2009 10:10 | |||
Вработените на МЦСМ, во почетокот на март оваа година ја посетија еднодневната обука за фотографирање. Целта на обуката беше подобрување на вештините за фотографирање што ќе резултира со поупотребливи фотографии за изданијата на МЦМС. Учесниците имаа можност да се запознаат со фотографијата, ги совладуваа ознаките и функциите на фотоапаратот, на своите претходни фотографии можеа да ги видат најчестите грешки што се јавуваат при фотографирањето. Откако добија теоретски вовед за тоа како се фотографираат настани и луѓе – имаа можност практично да ги применат. За околу 60-тина минути, учесниците на обуката се обидоа да бидат вистински фоторепортери и да фотографираат настани и луѓе надвор од канцелариите. По ова, секој имаше можност да ги слушне забелешките за своите фотографии направени во практичниот дел. На крај, учесниците поминаа низ начинот на фотографирање портрети како и најзначајните имиња од светот на фотографијата кои изработувале портрети. Обуката ја спроведе Андон Давчев, тренер за фотоновинарство и фотографија.
|