Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија - извршно резиме |
Во поглед на прашањата за толеранција и недискриминација, Македонија се соочува со голем недостиг на толеранција. Може да се каже дека ова е причинско-последичен однос помеѓу неефективна држава (недостаток од владеење на право, корупција, неефикасност на државата и високо централизирана држава) и ниско ниво на јавна доверба и јавен дух. Битен факт е тоа што дури ни луѓето што се жртви на индиректна дискриминација, вознемирување или друга форма на нееднаков третман, понекогаш не се свесни за тоа. Од една страна, ова е резултат на немање самодоверба, а од друга страна ова се должи на тоа што недостигаат информации и нема свест за правата на еднаков третман. Од друга страна, цел на образовната политика на секоја земја е да обезбеди еднаква можност за стекнување соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и да обезбеди дека истите поседуваат знаење, вештини и ставови кои се во согласност со барањата на општеството и пазарот на трудот. Затоа, образованието мора да биде достапно за секого, без оглед на неговата возраст, пол, религиозна определба, етничка припадност, здравствена состојба, социјална и финансиска положба. Општа цел на проектот е придонес кон развивање на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе во Република Македонија. Цел на проектот е Придонес кон јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на мрежата “Рома 2002“ и нејзините механизми за застапување и лобирање за недискриминација и еднакви можности на Ромите во областа на образованието, како и за остварување на нивните човекови права и слободи. Целна група на проектот се Ромите во Р.Македонија. Директни корисници се мрежата на ромски граѓански организации „Рома 2002“, како и Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права, формирани во рамките на оваа мрежа. Целно подрачје е Република Македонија. Очекувани резултати на проектот се: Функционирање на Лоби групата за образование на Ромите и Лоби групата за човекови права; За реализација на целите на проектот, предвидени се следниве активности: одржување на редовни месечни работни средби на Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права на Ромите; За да може успешно да функционираат Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права на Ромите, неопходно е јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на мрежата “Рома 2002“, во рамките на која се формирани и функционираат оваие лоби групи. За тоа, во рамките на овој проект е планирано: интернет презентација и редовно одржување на веб страната на мрежата “Рома 2002“; Временски период на спроведување е 01 април - 31 декември 2008 г. Финансискиот план на проектот изнесува 1. 829.890,00 МКД.
|