Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија - извршно резиме - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија - извршно резиме PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike

Во поглед на прашањата за толеранција и недискриминација, Македонија се соочува со голем недостиг на толеранција. Може да се каже дека ова е причинско-последичен однос помеѓу неефективна држава (недостаток од владеење на право, корупција, неефикасност на државата и високо централизирана држава) и ниско ниво на јавна доверба и јавен дух.
Нетолеранцијата е особено видлива и раширена кон неколку групи, меѓу кои и Ромите.

Битен факт е тоа што дури ни луѓето што се жртви на индиректна дискриминација, вознемирување или друга форма на нееднаков третман, понекогаш не се свесни за тоа. Од една страна, ова е резултат на немање самодоверба, а од друга страна ова се должи на тоа што недостигаат информации и нема свест за правата на еднаков третман.

Од друга страна, цел на образовната политика на секоја земја е да обезбеди еднаква можност за стекнување соодветно образовно ниво за секого и за сите возрасни групи и да обезбеди дека истите поседуваат знаење, вештини и ставови кои се во согласност со барањата на општеството и пазарот на трудот. Затоа, образованието мора да биде достапно за секого, без оглед на неговата возраст, пол, религиозна определба, етничка припадност, здравствена состојба, социјална и финансиска положба.

Општа цел на проектот е придонес кон развивање на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе во Република Македонија.

Цел на проектот е Придонес кон јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на мрежата “Рома 2002“ и нејзините механизми за застапување и лобирање за недискриминација и еднакви можности на Ромите во областа на образованието, како и за остварување на нивните човекови права и слободи.

Целна група на проектот се Ромите во Р.Македонија.

Директни корисници се мрежата на ромски граѓански организации „Рома 2002“, како и Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права, формирани во рамките на оваа мрежа.

Целно подрачје е Република Македонија.

Очекувани резултати на проектот се:

Функционирање на Лоби групата за образование на Ромите и Лоби групата за човекови права;
Видливост на Лоби групата за обазование на Ромите и Лоби групата за човекови права во јавноста и јавните институции и
Зајакнат институционален капацитет на мрежата на ромски граѓански организации „Рома 2002“.

За реализација на целите на проектот, предвидени се следниве активности:

одржување на редовни месечни работни средби на Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права на Ромите;
одржување на 3 (три) прес конференции и еден медиумски настан;
редовни месечни лоби средби и тематски лоби настани на членовите на Лоби групата со јавните и државни институции од областа на образованието, локална самоуправа, граѓански сектор и други актери релевантни за оваа проблематика, и
издавање на 3 (три) броја на Билтен со тематски извештаи на Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права, кои ќе бидат дистрибуирани до релевантни актери од областа на образованието и човековите права на Ромите во Македонија.

За да може успешно да функционираат Лоби групата за образование и Лоби групата за човекови права на Ромите, неопходно е јакнење на организацискиот и институционалниот капацитет на мрежата “Рома 2002“, во рамките на која се формирани и функционираат оваие лоби групи. За тоа, во рамките на овој проект е планирано:

интернет презентација и редовно одржување на веб страната на мрежата “Рома 2002“;
редовни работни средби на Управниот одбор на мрежата “Рома 2002“;
Годишно Собрание на мрежата “Рома 2002“ како и
Организациска поддршка за канцеларијата (ревизија, сметководствени услуги, транспорт, канцелариски материјали и сл.)

Временски период на спроведување е 01 април - 31 декември 2008 г.

Финансискиот план на проектот изнесува 1. 829.890,00 МКД.

 

Завршен извештај од проектот.

 

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Застапување и лобирање за образованието и човековите права и слободи на Ромите во Република Македонија - извршно резиме