Од откривање до акција: СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации за следење на изборниот интегритет - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Од откривање до акција: СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации за следење на изборниот интегритет PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 30 korrik 2025 07:30

На 23 јули 2025 година, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во име на Мрежата за лидерство и интегритет во Југоисточна Европа  (СЕЛДИ), во партнерство со Центрите за граѓански иницијативи (ЦГИ) и Коалицијата Под лупа од Босна и Херцеговина, организираше онлајн обука фокусирана на интегритетот на изборите.

viber image 2025 07 23 11 30 20 494 1

Настанот беше дел од регионалните напори на СЕЛДИ за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за промовирање на транспарентноста и отчетноста. Тој се одржа во рамки на Програмата за мали грантови на СЕЛДИ, која ги поддржува базичните организации во развој на алатки и знаење за борба против корупцијата и јакнење на демократската отпорност.

Обуката, со наслов „Откривање и спречување на изборни неправилности: Користење на технологијата и искуства од теренот“, беше спроведена од страна на Хасан Камењаковиќ, специјалист за односи со јавност при Коалицијата Под лупа.

Базирана на практични искуства и долгорочни практики за набљудување, обуката имаше за цел да им помогне на учесниците да разберат како се случуваат изборните неправилности и како граѓанското општество може да ги идентификува и да реагира на нив.

Screenshot 2025 07 23 1103311

Учесниците беа запознаени со широк спектар на изборни неправилности, како што се заплашување на гласачи, злоупотреба на јавни ресурси, рана кампања, неправилности од редовите на избирачките одбори и манипулации во медиумите, презентирани преку примери од минати изборни циклуси во Босна и Херцеговина. Сесијата особено се осврна на честите модели на злоупотреба и понуди практични стратегии за следење, документирање и пријавување на прекршувањата.

Обуката дополнително се осврна и на сознанијата собрани од иницијативата Под лупа, граѓанска платформа која со години ги набљудува изборите и се залага за подобрување на изборниот процес во Босна и Херцеговина. Нивното искуство ја информираше дискусијата за најдобри практики и препораки за политики, особено во областите на користење на технологија, правни реформи и независен надзор.

Сесијата заврши интерактивно со прашања и одговори, кадешто учесниците дискутираа за механизмите за пријавување од страна на граѓаните, како и истражувачки техники и стратегии за застапување за спроведување реформи на законодавно и административно ниво.

Видеото од обуката е достапно на: https://youtu.be/8PFRiqdRSok, додека презентацијата може да се преземе на https://seldi.net/wp-content/uploads/2025/07/Pod-LUPOM-presentation.pdf

Обуката е дел од проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Јакнење на капацитетите за застапување базирано на докази, влијание врз политики и граѓанска вклученост (SELDI.net),“ финансиран од Европската Унија.


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Од откривање до акција: СЕЛДИ ги зајакнува капацитетите на граѓанските организации за следење на изборниот интегритет