Повик за учество на обука за собирање податоци за граѓанските организации и употреба на алатката KoboToolbox |
![]() |
![]() |
![]() |
Thursday, 05 June 2025 13:49 | |
Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) во рамки на проектот “ЕУ поддршка за ГРЦ – фаза 2”, финансиран од Европската Унија, во соработка со Kobo Inc. објавуваат повик за бесплатна еднодневна обука за претставници на граѓански организации. Основни информации
Зошто да учествувате?Во денешното време на засилена дигитализација, способноста за ефикасно собирање и анализа на податоци е клучна за секоја граѓанска организација. Оваа обука ви нуди можност да го совладате KoboToolbox – една од најмоќните и најшироко користени алатки за собирање податоци во хуманитарниот и развојниот сектор. Покрај изучување на различните методи за собирање податоци, обуката ќе вклучи и практична примена на алатката KoboToolbox за собирање и управување со податоци. Научете како да развиете моќни формулари за собирање податоци и како ефикасно да собирате податоци на терен или онлајн. За кого е наменета обуката?Оваа основна обука е наменета за претставници на граѓански организации кои сакаат да ги подобрат своите вештини во развој и примена на ефективни формулари за собирање податоци. За оваа обука нема потреба од претходно предзнаење – може да се пријават и учесници кои немаат никакво искуство во собирање податоци. Што ќе научите на обуката?
Што добивате?По завршување на обуката, секој учесник ќе добие:
Поддршка за учеснициЗа пријавените учесници надвор од Скопје, ќе бидат покриени трошоци за транспорт во висина од автобуска карта до дадената локација. Дополнително, за време на обуката ќе бидат обезбедени ручек, освежителни паузи и работни материјали. Како да се пријавите?Пријавете го вашето учество со пополнување на ФОРМУЛАРОТ НА ГРЦ најдоцна до 8 јуни 2025. Погледнете го вебинарот како вовед во обуката: North Macedonia Community Webinar June 03 - YouTube
|