Сериозно нарушување на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција – Повик за одлучна акција на ЕУ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Сериозно нарушување на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција – Повик за одлучна акција на ЕУ PDF Print E-mail
Thursday, 05 June 2025 10:50

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја истражуваше состојбата со овозможувачката околина во Северна Македонија што е дел од регионалната анализа на Балканската мрежата за развој на граѓанското општество (БЦСДН). Наодите од истражувањето се дел од најновиот документ за политики на БЦСДН насловен: „Делот што недостига: Зошто граѓанскиот простор мора да биде приоритет во процесот на пристапување во ЕУ“.

freepik expand 51891

Потпирајќи се на наодите од Матрицата за следење на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество (MM стандарди), документот остро укажува на сериозното нарушување на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција, предупредувајќи дека без конкретни дејствија, демократијата ризикува да остане само декларативен поим на хартија.

Документот за политики открива загрижувачки трендови, вклучително и систематско стеснување на граѓанскиот простор.

За справување со овие загрижувачки трендови, БЦСДН упатува итен повик до Европската Унија да воведе обврзувачки услови во процесот на проширување и тоа:

  • Да воспостави јасни и мерливи критериуми за граѓанскиот простор, кои редовно ќе се применуваат и следат;
  • Да вклучи граѓански организации (ГО) во процесите на следење на реформите и пристапните преговори;
  • Да обезбеди долгорочна, флексибилна поддршка за иницијативи на локално ниво;
  • Да го поврзе демократското назадување со конкретни финансиски и политички последици.

БЦСДН нагласува дека ЕУ мора да применува поструктуриран, поитен и поодлучен пристап за заштита на граѓанското општество во Западен Балкан и Турција.

the missing piece bcsdn1Примери од извештајот на загрижувачки трендови:

  • Црна Гора: Во 2023 година, само 0,23% од државниот буџет беше наменет за ГО, значително помалку од законскиот минимум од 0,5%.
  • Босна и Херцеговина: Криминализацијата на клеветата во Република Српска создаде средина во која новинарите се гонат за критичко известување – поднесени се 130 тужби за клевета во првата година по повторното криминализирање.
  • Србија: Истражувачките новинари кои откриваат корупција често се цел на SLAPP тужби, иницирани од државни функционери или бизнисмени блиски до политички елити.
  • Турција, Албанија, Србија и Косово: Се злоупотребуваат мерките за спречување перење пари (AML) и финансирање на тероризам (CFT) и се користат против ГО, со чести ревизии и административен притисок, особено врз организации за човекови права и оние со странско финансирање – што ги одвраќа донаторите и го отежнува финансирањето на граѓанските организации.
  • Северна Македонија: Сеопфатната реформа на државното финансирање на граѓанските организации воопшто не напредуваше во 2024 година. Државното финансирање продолжува да биде речиси непрепознатлив извор на приход за граѓанските организации и е достапно само за ограничен број организации.
 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Сериозно нарушување на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција – Повик за одлучна акција на ЕУ