Tuesday, 20 May 2008 01:00 |
Од 20 до 23 мај оваа година ќе бидат организирани Отворените денови на МЦМС. Во овие три дена МЦМС ќе ги презентира постигнувањата од претходната година и планот за следната година.
На Отворените денови ќе бидат презентирани и обуките што ги спроведува МЦМС и едно од истражувањата што беше направено кон крајот на минатата година „Општествената одговорност на граѓаните“. Отворените денови ќе бидат спроведени во Тетово, Битола и Велес во соработка со Универзитетот на југоисточна Европа, Форумот на граѓански организации од Битола и Вила Зора од Велес. Отворените денови имаат за цел децентрализирана презентација на работата на МЦМС и подобрување на транспарентното и отчетно работење. Средбите ќе овозможат директен контакт со заинтересираните посетители и дискусија за темите што ќе бидат на дневен ред.
{slideshare}[slideshare id=446613&doc=godisen-izvestaj-2007-mcms-1212586927010427-9&w=425]{/slideshare}
|