Цели и стратегии за градење на „Островите на интегритет“ - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Цели и стратегии за градење на „Островите на интегритет“ PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E martë, 22 tetor 2024 07:08

Продолжи спроведувањето на работилниците „Острови на интегритет“ за 12 грантисти на Цивика мобилитас. Учесниците на третата работилница почнаа да ја подготвуваат првата верзија на документот кој вклучува цели за зајакнување на интегритетот и спречување/ограничување на корупцијата и стратегии за постигнување на целите преку системски промени.

mcms1785-2048x1365.jpg

Двете концептуални рамки кои се користеа во фазата на дијагноза се базираа на формулата за корупција според која, корупцијата е еднаква на монопол плус дискреција минус транспарентност и отчетност и на анализа на трошоците и придобивките. Во првата рамка двете цели на кои работеа учесниците беа: да се ограничат монополот и дискрецијата и да се подобрат отчетноста и транспарентноста. Во втората рамка целта беше да се зголемат придобивките од работењето со интегритет и загубите поради корупција.

4 2 2048x1365

Во таа смисла, учесниците работеа во групи и дискутираа пленарно за тоа кои би можеле да бидат стратегиите кои ќе ги ограничат монополот и дискрецијата, за видовите контроли што треба да ги има секоја организација, за тоа како да се избегнат корупцијата и дискрецијата на повисоките нивоа, како и за тоа кој треба да ги контролира оние кои контролираат.

3-1-2048x1365.jpg

Во вториот дел, учесниците дискутираат за тоа што го мотивира однесувањето на луѓето и што би ги натерало да работат со интегритет. Тие подетално работеа на системите кои создаваат надворешна и внатрешна мотивација, односно како да се создаде ефикасен систем на наградување и казнување и како да се поттикне автономијата, да се негува усовршувањето и подобрувањето на целта.

7-2048x1424.jpg

Учесниците ќе го завршат документот по враќањето во организациите, откако ќе ги консултираат своите соработници. По ова, им останува уште една работилница пред да ја подготват стратегијата и акцискиот план со чие спроведување ќе направат организациски промени за да го зајакнат интегритетот и да ја намалат ранливоста на корупција на своите организации.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Цели и стратегии за градење на „Островите на интегритет“