„Граѓаните против корупцијата“ доаѓаат на Скопскиот маратон - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

„Граѓаните против корупцијата“ доаѓаат на Скопскиот маратон PDF Print E-mail
Monday, 30 September 2024 13:29

Програмата „Граѓаните против корупцијата“ ќе биде дел од Скопскиот маратон со интерактивни и едукативни активности кои имаат за цел да ги вклучат граѓаните во борбата против корупцијата.

gpk maraton 1

На 4 и 5 октомври, посетителите на Маратон ЕКСПО, кој ќе се одржи во Спортскиот центар „Јане Сандански“, ќе можат да се придружат на нашиот штанд. Тука, ќе имаат можност да решат онлајн квиз за да откријат каков антикорупциски херој се и да освојат  спортски награди. Исто така, граѓаните ќе бидат информирани за тоа како да пријават корупција и ќе се запознаат со веб-алатката „Реагирај“, која им овозможува да се обратат директно до надлежните институции за проблемите кои ги засегаат.

За време на трката, на 6 октомври, нашиот тим ќе биде присутен на маратонската патека и на Плоштадот „Македонија“, нудејќи поддршка на тркачите и дополнителни информации за антикорупциските активности. Посебен акцент ќе биде ставен на асфалтните лепенки „Згази ја корупцијата“, поставени по текот на патеката, каде маратонците симболично ќе испратат порака дека за корупцијата нема место во нашето општество.

Достапна е и онлајн анкетата „Kолку граѓаните се вклучуваат во борбата против корупцијата?“. Со неа сакаме да дознаеме како и колку граѓаните се мобилизираат/активираат/ангажираат во борбата против корупцијата. Анкетата може да ја одговрите тука https://bit.ly/maratonanketa.

Придружете се на овој настан за заеднички да ја градиме иднината без корупција – секој чекор и секоја акција значат!


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News „Граѓаните против корупцијата“ доаѓаат на Скопскиот маратон