План за акција за имплементација на резолуциите од CoSP10 – обединет став на граѓанските организации, приватниот сектор и државните институции - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

План за акција за имплементација на резолуциите од CoSP10 – обединет став на граѓанските организации, приватниот сектор и државните институции PDF Print E-mail
Friday, 07 June 2024 16:10

Успешно заврши дводневната Работилница посветена на резолуциите донесени на 10 Конференција на земјите-страни на УНКАК (CoSP) што се одржа на 5 и 6 јуни 2024 година во Струга.

MCMS0727 MCMS

На работилницата учесниците се запознаа со донесените резолуции на CoSP 10, во декември 2023, во Атланта -САД, меѓу кои:

  • Резолуцијата Атланта 2023: промовирање на интегритетот, отчетноста и транспарентноста во борбата против корупцијата;
  • Резолуцијата Справување со општествените влијанија на корупцијата
  • Резолуцијата Промовирање на транспарентност и интегритет во јавните набавки за поддршка на Агендата за одржлив развој 2030 година
  • Резолуцијата Подобрување на користењето на информациите за вистински сопственици за зајакнување на враќањето на средствата
  • Резолуцијата Заштита на лицата што пријавуваат

Преку презентации, отворени дискусии и работа во групи, учесниците меѓу кои граѓански организации од Платформата за борба против корупцијата, приватниот сектор и претставници на институциите: Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Министерство за правда и Кабинетот на Заменик претседателот на Владата на РСМ, задолжен за политики за добро владеење, дадоа препораки за изработка на план за акција за полесно имплементирање на резолуциите донесени на CoSP10, и за следните чекори.

MCMS0717 MCMS

„Работилницата овозможи запознавање и подобро разбирање на новите глобални стратегии за борба против корупцијата. Таа беше добар форум за граѓанските организации и институциите кои работат во борбата против корупцијата да дадат придонес и препораки за идните активности“, ни рече Мартина Илиевска од Институтот за демократија „Социетас цивилис“-Скопје.

MCMS0752 MCMS

Ова активност е дел од програмата „Граѓаните против корупцијата“ подржана од УСАИД, и проектот: „ ЕУ4 Владеење на правото: Граѓански ангажман за јавен интегритет (ЦЕПИ) во Западен Балкан и Турција“, финансиски поддржан од Европската Унија и Владата на Швајцарија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News План за акција за имплементација на резолуциите од CoSP10 – обединет став на граѓанските организации, приватниот сектор и државните институции