Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа PDF Print E-mail
Friday, 07 June 2024 15:04

До: г. Африм Гаши,
Претседател на Собрание на Република Северна Македонија

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира до Собранието на Република Северна Македонија за затворениот и неконсултативен процес со засегнатите страни по Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација на работата на органите на државна управа.

Исто така, формирањето на три нови министерства и реорганизацијата на системот на државната управа без претходна длабинска анализа за оправданоста на предлогот е неприфатливо за Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Укажуваме дека ова влијае негативно врз соработката и довербата на граѓанското општество со креаторите на јавните политики.

Со оваа реакција Платформата останува доследна и на претходното укажување од 2022 година дека реорганизацијата на државната управа е исклучително важен процес, кој мора да почива врз принципите на транспарентност, вклученост и претходна подготовка на граѓаните за системските промени што се иницираат.

Со почит,
Платформа на граѓански
организации за борба против корупцијата

Преземи ја реакцијата во PDF формат


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Реакција за отсуство на консултативен процес за измена на системскиот Закон за организација на работата на органите на државна управа