Преку глава ми е од корупцијата – Придружете се во борбата против корупцијата во Штип, Гостивар, Кичево и Крива Паланка! - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Преку глава ми е од корупцијата – Придружете се во борбата против корупцијата во Штип, Гостивар, Кичево и Крива Паланка! PDF Print E-mail
Monday, 18 March 2024 14:37

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата оваа сабота 23 март од Штип ќе го започне караванот со настани насловени „Преку глава ми е од корупцијата“ што ќе се организираат и во Гостивар, Кичево и Крива Паланка.

citizen engagement day

Граѓаните во наведените градови ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности. На настаните граѓаните ќе имаат можност да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција, а дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема.

Медиумските партнери од програмата исто така ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека Стопанската комора на Северна Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.

Кликнете за повеќе информации за настаните во

Овие настани се организираат во рамки на програмата „Граѓаните против корупцијата“ со поддршка од УСАИД, а ги имплементира Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС, во партнерство со Центар за граѓански комуникации ЦГК, Институт за демократија „Социетас Цивилис“- Скопје, Стопанска комора на Северна Македонија, 360 степени, БИРН и Истражувачката репортерска лабораторија ИРЛ. 


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Преку глава ми е од корупцијата – Придружете се во борбата против корупцијата во Штип, Гостивар, Кичево и Крива Паланка!