Продолжуваат активностите во Општина Карбинци |
Wednesday, 02 July 2008 01:00 | |||
“Целта на нашата заедница на овие форуми е најпрво да се запознаат сите присутни со проблемите со кои се соочуваат граѓаните од целата општина, а како крајна цел е да се постигне решавање на истите “ – изјави Весна Николовска жител на с.Долни Балван.
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во соработка со Општина Карбинци во месец април започна со реализација на програмата „Форуми во заедниците“, финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Вчера, на 22 јуни, се одржа втората форумска сесија, каде по работни групи беа изнесени идејите за какви проекти ќе се реализираат во нивните заедници. Програмата има цел да овозможи развој на општините со учество на сите заинтересирани страни. Преку организирање на средби (форуми) кои ќе овозможат граѓаните да го унапредат својот живот. Сето тоа преку изнесување лични идеи и со учество во процесот на донесување одлуки. Додека општинската администрација да биде поотворена, одговорна и транспарентна. Вкупниот буџет на програмата за Општина Карбинци изнесува 4.400.000 денари. “Целта на нашата заедница на овие форуми е најпрво да се запознаат сите присутни со проблемите со кои се соочуваат граѓаните од целата општина, а како крајна цел е да се постигне решавање на истите “ – изјави Весна Николовска жител на с. Долни Балван.Партиципативноста е поголема од сесија до сесија, додаде Весна Николовска.Следната средба од форумската сесија е закажана на 13 јули оваа година, каде ќе се одржи работилница на работните групи, за да се формулира концептот за предлог проект.
|