Регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ со локални активности во наредниот период - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ со локални активности во наредниот период PDF Print E-mail
Friday, 24 March 2023 10:00

На 22 март 2023 година во Софија, се одржа состанок со членовите на управувачкиот комитет на проектот „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитети за застапување брз база на докази, влијание врз политики и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“. На состанокот учествуваа 14 претставници од 6 организации членки.

DSC 0939 MCMS

Претставниците од различни организации информираа за актуелните случувања и долготрајни процеси во полето на антикорупција и добро владеење во во своите земји.  Па така беа споделени информации за нефункционирањето на судството во Албанија што се должи на ветингот на судии и јавни обвинители што резултирало со намалување на бројот на судии за две третини, но и немањето санкции за нив, новите случувања со договорот за градење на автопати во Македонија склучен со Американско-Турскиот конзорциум Бехтел- Енка, припреми за почнување на ветинг процеси во Косово, стеснување на граѓанскиот простор во Босна и Херцеговина преку воведување на зголемени државни контроли во граѓанските организации, корупциски скандал вреден 7 милиони долари во Србија во кој е вклучена државната компанија за електростопанство, случајот со Малинов во Бугарија и заробеното судство итн.

DSC 0938 MCMS

Дополнително, Јасмина Ристовска, проектен координатор потсети на работниот план за првата проектна година и беа дискутирани подготвителните активности за спроведување на СЕЛДИ системот за следење на корупција- членките на СЕЛДИ ќе имаат обука на 29 март со цел запознавање и надоградување на истражувањето, процесот  на подготовка на Комуникациската стратегија, како и подготвителни активности за повикот за доделување на мали агрантови на тнр. грас-рут и мали организации кои работат во областа на антикорупцијата и идентификување на теми за обуки кои ќе бидат дел од програмата за градење на капацитети на граѓанските организации.

На состанокот беше договорено темпото на состаноци и координација помеѓу партнерите за следниот период.

Проектот го координира МЦМС, а се спроведува во соработка со шест организации од регионот. Финансиската поддршка е обезбедена од Европската Унија.


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Регионалната мрежа за антикорупција СЕЛДИ со локални активности во наредниот период