Само-регулацијата и финансиската транспарентност ќе ја зголемат довербата во ГО - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Само-регулацијата и финансиската транспарентност ќе ја зголемат довербата во ГО PDF Print E-mail
Thursday, 31 October 2019 10:42

На 30 октомври 2019г., во просториите на МЦМС се одржа работилницата „Како да ги подобриме транспарентноста и отчетноста на граѓанските организации во Македонија“. Учесниците во дискусијата заклучија дека само-регулацијата во граѓанскиот сектор ќе придонесе кон подобрени практики на отчетност и транспарентност, дека здруженијата треба да развијат модел на етички заложби кој ќе ги опфати основните вредности и принципи за транспарентно и отчетно работење, а исто така, дека зголемената финансиска транспарентност е клуч за подобрување на довербата во граѓанското општество.

DSC 0400 2

На работилницата присуствуваа 16 претставници на граѓански организации, а модератор беше Тина Дивјак од Центарот за информирање, соработка и развој на невладини организации (ЦНВОС) од Словенија.

Учесниците ги дискутираа ставовите и очекувањата на здруженијата за транспарентноста и отчетноста, за нивниот придонес кон саморегулација во граѓанскиот сектор, како и за веќе воспоставените пракси на саморегулација. Освен тоа, тие се мотивираа и се подготвија за воспоставување и функционирање на Мрежа за транспарентност и отчетност на граѓанските организации.

Поконкретно, се говореше за степенот и трендовите на практикување на транспарентност и отчетност на граѓанските организации, нивните законски обврски по ова прашање, евентуалните механизми на саморегулација на ниво на мрежи и на секторско ниво доколку постојат, предизвиците и нивното надминување при воспоставување на овие механизми.

Оваа работилница се реализираше во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на граѓански организации“ финансирана од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Само-регулацијата и финансиската транспарентност ќе ја зголемат довербата во ГО