Безбедноста на детското (не)вакцинирање и ризиците од личниот избор - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Безбедноста на детското (не)вакцинирање и ризиците од личниот избор PDF Print E-mail
Monday, 18 February 2019 17:16

Актуелната состојба со епидемијата на морбили беше причина МЦМС да го провери јавното мислење за вакцинирањето. Според истражувањето, за големо мнозинство од граѓаните (89,7%) целосно или донекаде се важни вообичаените вакцини кои се применуваат во земјава. Висок е и процентот (86,3%) на оние кои сметаат дека целосно или донекаде е важно родителите да ги вакцинираат децата. Околу 69% од граѓаните се загрижени дека може да избие епидемија не само на сипаници туку и на други заразни болести. Речиси две третини (59,2%) целосно или делумно се согласуваат со привремената мерка на Министерството за здравство, за забрана на прием на деца што немаат примено  МРП вакцина во градинките. 

Percepciite na gragjanite za vakciniranjeto

Големо мнозинство од граѓаните (69,7%) целосно или донекаде се загрижени за несаканите дејства од вакцините, но 86,6% рекле дека немаат искуство со некој што имал несакана реакција на вакцина. Такво искуство имале 8,0% од испитаниците. Прашани за тоа дали веруваат дека постои поврзаност помеѓу вакцините и аутизмот, 9,8% целосно се согласуваат, а 16,7% воопшто не се согласуваат. Мнозинство од граѓаните (54,1%) сметаат дека безбедноста на детското вакцинирање бара понатамошна дебата иако 38,2% сметаат дека науката која ја поддржува безбедноста на детското вакцинирање е неоспорна. 

Од друга страна, вкупно 56,9% имаат целосна или делумна доверба во системот на државата за оценка на безбедноста на вакцините и препораките кои треба да бидат дадени. Речиси половина од граѓаните (47,2%) веруваат дека имале придобивки од развојот на вакцините.  

Вкупно 71,9% од испитаниците целосно или донекаде се согласуваат дека доколку некое дете не е вакцинирано, други деца се изложуваат на ризик од болест. Повеќе од половината од граѓаните (54,6%) сметаат дека со одлуката на родителите да не ги вакцинираат децата, тие ги изложуваат на ризик и децата и целото општество, додека една третина (33,1%) сметаат дека родителите треба да имаат право да одлучат дали нивните деца ќе се вакцинираат или не. Многу сличен е и процентот (33,6%) на оние за кои вакцинирањето е прашање на личен избор, за разлика од мнозинството (61,5%) за кои вакцинирањето е прашање на јавното здравство. 

Дали разногласието во врска со вакцинирањето се должи на (не)информираноста? Вкупно 51,6% рекле дека јавноста не добива доволно информации од докторите за вакцинацијата. Матичниот доктор е извор на информации за вакцините само за 18,4% од граѓани-те. Главен извор на информирање за вакцините се медиумите и тоа, телевизијата, радиото и весниците за 28,8% од испитаниците, а интернет порталите и форумите за 11,7%. Заедно со социјалните медиуми (13,5%), овие канали на комуникација се извор на информации за вакцините за 54,0% од граѓаните. 

За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците за последната анкета беа прибирани со теренска анкета во периодот од 15 до 30 јануари 2019 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1001 испитаник.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Безбедноста на детското (не)вакцинирање и ризиците од личниот избор