Мобилен ресурсен центар во Битола |
Thursday, 10 May 2018 15:36 | |||
Граѓанскиот ресурсен центар имаше отворен ден со граѓанските организации (ГО) во Битола на 10 мај 2018 година. На средбата учествуваа 26 претставници на организации од пелагонискиот регион. Тие истакнаа дека опкружувањето за ГО во нивниот регион е во лоша состојба. Општините немаат контакт лице за поддршка на ГО, недостасува стратешки пристап, а, а и таму каде што има локални стратегии за соработка со граѓански организации, нема реализација на планираните активностите. Оваа активност е дел од Мобилниот ресурсен центар, чија цел е да ги приближи услугите на Граѓанскиот ресурсен центар до што е можно поголем број организации во цела Македонија. Мобилните ресурсни центри не само што им овозможуваат на локалните организации да бидат информирани за случувањата во граѓанскиот сектор и за активностите на Граѓанскиот ресурсен центар туку им даваат и можност да информираат со какви предизвици се соочуваат при работењето. Дополнително, организациите имаа можност да бидат вклучени и во консултативниот процес и да дадат свои предлози за новиот акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020. Министерство за информатичко општестсво и администрација (МИОА) ги организира консултациите за новиот акциски план со поддршка на МЦМС во рамки на Граѓанскиот ресурсен центар. Граѓанскиот ресурсен центар е проект финансиран од Европската Унија.
|