Ефектите од ТАКСО се вкоренија во граѓанското општество - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Ефектите од ТАКСО се вкоренија во граѓанското општество PDF Print E-mail
Thursday, 30 November 2017 00:00

На крајот на ноември завршува осумгодишната поддршка што проектот ТАКСО им ја даваше на граѓанските организации. Таа поддршка им овозможи на организациите да ги надминат предизвиците со кои се соочуваа, да зајакнат и да станат повлијателни во општеството.

tacso 8 godini

Oд ноември 2014 година до ноември 2017 година Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) беше ресурсен центар на Националната канцеларија на ТАКСО во Македонија. Во текот на изминативе три години, во проектните активности беше вклучен и персоналот на МЦМС. Поточно, 15 вработени беа ангажирани како експерти, обучувачи, организациска и логистичка поддршка. Внатрешната експертиза на МЦМС за одредени прашања исто така беше многу важна за активностите – добар дел од работите беа направени инхаус наместо да се ангажираат надворешни експерти.

Резултатите на ТАКСО зборуваа сами за себе. Во изминативе осум години поддржани беа вкупно 1034 организации, кои се активни во повеќе од 17 различни области, што ја акцентира разновидноста на понудата на услуги на ТАКСО. Меѓу корисниците на услугите на ТАКСО најбројни биле оние кои работат во областа на демократијата и човековите права (135), а по нив организациите чија главна преокупација се децата, младите и студентите (98) како и животната средина (96). 

8 godini tacso timot

Резултатите од работата се видливи во самите граѓански организации и тоа преку воведување и подобрување на многу организациски практики и пристапи, промената во начинот на размислување и подобреното разбирање за битни прашања, подобрување на дијалогот меѓу граѓанското општество и другите чинители.

Исто така, ТАКСО успеа да ја отвори и поттикне дебатата за овозможувачкото опкружување на граѓанските организации. Силен инпут беше даден во структурирањето на дијалогот меѓу Владата и граѓанското општество, особено за формирањето на Советот за соработка и за државното финансирање.

Организациите беа поддржани и поттикнати да се вмрежат на национално и регионално ниво, да се вклучат во меѓу-секторска соработка и да учат од регионалните и од практиките на ЕУ. Беа организирани повеќе од 50 регионални настани: обуки, работилници, конференции, студиски посети, на кои учествуваа повеќе од 280 учесници од Македонија.

Проектот за градење на капацитетите на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција - ТАКСО започна да се спроведува во август 2009 година, a завршува во ноември 2017 година.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Ефектите од ТАКСО се вкоренија во граѓанското општество