Квалитетно образование за сите |
Република Македонија е земја со разноликост на етнички групи, но и разни социјални и маргинализирани групи. Еден од најголемите проблеми кои се јавуваат во нашето општество е сегрегација на етничките и маргинализираните групи во сите аспекти на општествениот живот, а посебно во образовниот процес. Тука, акцент е ставен на децата, кои наместо во училишните клупи се наоѓаат на улица, каде не ретко се жртви на насилство, се експолоатира нивниот труд, стануваат жртви на малолетничка деликвенција и сл. Општа цел на проектот беше понатамошен развој на поддржувачка околина за еднакви можности на сите луѓе, односно недискриминација во Македонија. Цел на проектот беше придонес кон еднакви можности и намалување на исклучувањето на децата од маргинализираните групи од задолжителниот образовен процес во Македонија. Целна група на проектот беа претставници на релевантни јавни установи: Министерство за образование и наука и неговите тела (Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на етничките заедници и Бирото за развој на образованието), основните училишта и единиците на локалната самоуправа. Дел од активностите беа насочени и кон општата јавност. Директни корисници беа околу 2616 ученици од 49 училишта во Република Македонија. Постигнати резултати со проектот беа: учество на 2.616 ученици од 48 основни училишта и голем број јавни личности во „најмасовниот училиштен час“; одржани 4 дебати во основните и средните училишта; одржана мини кампања за намалување на исклучувањето на децата од образовниот процес. Во рамките на проектот се спроведоа следните активности:
Периодот на спроведување на проектот беше од 1 април до 30 јуни 2008 година. Предуслов кој беше потребен за реализација на проектот беше добиената дозвола (согласност) од Министерството за образование и наука за вклучување на училиштата во предвидените активности. Во спроведување на проектот беа вклучени и други организации како: Младински образовен форум, Блу скај, Тријаголник и др. ПДАС „Меѓаши“ беше одговорен за спроведување на проектот, додека МЦМС го набљудуваше неговото спроведување. Вкупниот буџет изнесува 269.000 денари.
|