Мали грантови за ромски организации |
Monday, 18 April 2016 13:59 | |||
Асоцијацијата Иницијатива за социјална промена – ИнСоК и Македонскиот центар за меѓународна соработка – МЦМС во рамките на проектот „Пристап на Ромите до фондови“, објавија повик за доделување на мали грантови на ромски граѓански организации. Поддршката ќе биде доделена за зајакнување на соработката со институциите на локално и национално ниво преку застапување и лобирање, за поадекватен одговор на потребите и проблемите на ромската заедница во Република Македонија. Грантовите се во висина од минимум 3.000 УСД до максимум 5.000 УСД, a вкупниот фонд на проектот „Пристап на Ромите до фондови“ за оваа намена изнесува 25.000 УСД. Временската рамка за реализација на проектите треба да биде од три до максимум пет месеци. Рокот за доставување е понеделник, 30 Maj, 2016 година до 15:00 часот- на следнава е-mail адреса: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it . Формуларите за пријавување можете да ги најдете на www.prf.org.mk и www.insoc.org.mk Проектот е финансиски подржан од програмата на Институт отворено општество Будимпешта „Да се направи максимум со ЕУ фондовите за Ромите“.
|