Добри пракси во борбата против корупцијата - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Добри пракси во борбата против корупцијата PDF Print E-mail
Monday, 21 March 2016 10:13

Ефективната борба против корупцијата на високо ниво: прашање на личност или на систем – е темата на конференцијата што ја организира МЦМС на 22 март 2016 година во х. Холидеј ин во Скопје. На Конференцијата ќе зборуваат Лаура Кодрута Ковеси, главен обвинител на Националниот директорат за антикорупција во Романија и Катица Јанева, јавен обвинител во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите.

nastan-bpk

Обвинителката Кодрута Ковеси ќе се осврне на политиката, механизмите и институциите, како и на клучните актери и достигнувањата во борбата против корупцијата на високо ниво во Романија. На истиот панел, „Непристрасност, интегритет, ефективност“ за искуствата во борбата против корупцијата ќе зборува и Катица Јанева, специјален јавен обвинител.

„Дали борбата против корупцијата е колективна одговорност?“ ќе биде носечка тема во вториот панел каде за улогата и придонесот на граѓанските организации, ќе зборуваат Јоана Авадини, извршен директот на Центарот за независно новинарство од Романија, Руслан Стефанов, директор на економската програма, Центар за изучување на демократијата од Бугарија и Слаѓана Тасева, претседател на Транспаренси Интернационал, Македонија.

Целта на конференцијата е да се разменат искуства и да се отвори поширока дебата за предизвици со кои се соочува Република Македонија и регионот во борбата против корупцијата на високо ниво, преку споделување на искуството од Република Романија како земја која во последните години бележи значителни успеси на ова поле.

Конференцијата е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција, што ја спроведува МЦМС. Цел на програмата е зголемена информираност и знаења на граѓанските организации и граѓаните за барање повеќе отчетност кај институциите како и придонесување кон нивен повисок интегритет.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Добри пракси во борбата против корупцијата