Објавен осмиот квартален извештај „Огледало на Владата“ - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Објавен осмиот квартален извештај „Огледало на Владата“ PDF Print E-mail
Monday, 25 January 2016 16:35

МЦМС го објави осмиот квартален извештај „Огледало на Владата“ во кој се следи и анализира Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР – www.ener.gov.mk) за периодот од 1 октомври до 31 декември 2015 година.

screenshot-ogledalonavladata-mk

Со извештајот се констатира дека минималниот рок за консултации од 10 дена за предлог законите објавени на ЕНЕР делумно се почитува. Кај три од вкупно 12 предлог-закони кои беа утврдени на седница на Владата се забележани отстапки. Станува збор за Предлог-законот за пробација и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за договорен залог предложени од Министерството за правда и Предлог-законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патишатата предложен од Министерството за внатрешни работи. Овие две министерства воопшто не го објавиле текстот на нацрт-законот со што, практично не и овозможиле на јавноста да ја коментира содржината.

Покрај ова, реткост е и објавувањето на текстовите на предлог-законите и предлог-извештаите за Проценка на влијанието на регулативата. Објавувањето на овие два документи би и овозможил на јавноста подобар увид во целиот проес на подготовка на предлог-законите.

Исто така, проблем е и неусогласеноста на веб страницата на ЕНЕР со фактичката ситуација. Во последниот квартал од 2015 година, од осум предлог-закони за кои е објавено дека е почната подготовката, три биле утврдени на седница на Владата, што значи дека завршила можноста за нивно коментирање, а на ЕНЕР се уште останале отворени за консултации.

За жал, граѓаните не го користат, или минимално го користат ЕНЕР за да ги кажат своите мислења за предлог-законските решенија во рана фаза на подготовка. Од осумте предлог-закони објавени во последниот квартал од 2015 г., заклучно со 13.01.2016 г., беа коментирани два предлог-закони на кои беа оставени вкупно три коментари. Беа коментирани Предлог-законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, предложен од Министерството за внатрешни работи и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, предложен од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овие две министерства дадоа два повратни одговори на коментарите.

Извештајот е дел од активностите за следење на отвореноста на процесите на подготовка на закони во рамките на проектот „Огледало на Владата“ кој е дел од Програмата на УСАИД за антикорупција. Покрај кварталните извештаи, МЦМС во рамките на проектот „Огледало на Владата“ редовно издава и неделни и месечни прегледи. Целта е да се подобри информираноста на граѓаните и граѓанските организации и да се поттикнат да учествуваат во раните фази на подготовката на законите. Покрај тоа, оваа анализа дава поглед на практиките на министерствата во објавување, ажурирање и давање повратни одговори на јавноста за предлог-законите објавени на ЕНЕР.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Објавен осмиот квартален извештај „Огледало на Владата“