Работилница за он-лине медиуми за граѓански организации |
Tuesday, 21 July 2015 00:00 | |||
Проектот ТАКСО и Ресурсниот центар - ТАКСО воден од МЦМС на 15 јули во хотелот Дрим во Струга организираа работилница за он-лине медиуми на која учествуваа 11 граѓански организации. Учесниците беа лица задолжени за односите со јавноста и информирањето во своите организации. Целте беше да им се овозможи да се запознаат со можностите што им ги нудат он-лајн медиумите за подобрување на комуникацијата со целните групи и да стекнат знаења за нивно ефикасно користење и на тој начин да ја подобрат видливоста на нивните организации. Учесниците беа запознаени со спецификите на информирањето преку веб страна и подготвување содржини за неа; пишување за различни социјални медиуми, особено за Фејсбук и Твитер и спроведување кампањи преку социјалните медиуми. Присутните имаа задача да подобрат веќе објавени текстотви користејќи ги препораките од работилницата и да ги прилагодат за објава на Фејсбук и Твитер. Употребата на онлајн медиумите треба да биде ставена во функција на подобрување на односите со јавноста и потребата да се обрне внимание не само на спроведувањето на активностите од проектите туку и на нивното промовирање. Учесниците изразија задоволство од содржината на работилницата. Тие ја препознаваат потребата од поинтензивно информирање за нивните активности и сметаат дека со новостекнатите сознанија и вештини ќе можат да одговорат на тие предизвици во своите организации. Работилницата ја спроведоа Гонце Јаковлеска и Борис Ристовски, обучувачи од Ресурсниот центар - ТАКСО воден од МЦМС.e
|