Избрани грантистите во рамки на Балканскиот фонд за јавни политики во Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Избрани грантистите во рамки на Балканскиот фонд за јавни политики во Македонија PDF Print E-mail
Tuesday, 28 July 2015 11:50

МЦМС во текот на месец јуни 2015 г. им додели грантови на Здружението Конект и Институтот за демократија „Социетас цивилис“-Скопје, за подготовка на документи за јавни политики. Грантовите се доделни како дел од третиот повик на Балканскиот фонд за јавни политики. Двете организации ќе добијат и континуирана поддршка во спроведувањето на проектот од МЦМС. 

За избраните проекти

„Анализа на политиките во однос на вработувањето во граѓанска организација“ - Здружение Конект - Скопје 
Проектот треба да придонесе кон промена на политиките поврзани со вработувањето во граѓанскиот сектор во Македонија. Ќе бидат анализирани политиките, ќе се поттикне дискусија за нив меѓу засегнатите страни и ќе се подигне свеста за потребите од ефективна промена на политики. 

„Граѓанските организации како даватели на услуги: унапредување на праксата и зголемување на можностите“ - Институт за демократија „Социетас цивилис“- Скопје (ИДСЦС) 
Со проектот ќе се идентификуваат можностите за поефективно вклучување на граѓанските организации во давањето на услуги и ќе бидат подготовени препораки за политики кои ќе ја подобрат овозможувачката околина на овој аспект од работењето на граѓанските организации.

Двата проекти треба да придонесат кон Извештајот од следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. 

Во рамките на истиот повик, доделени се грантови и на организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Повеќе информации за другите добитници организации во земјите од регионот се објавени на веб-страницата на БЦСНД.

Балканскиот фонд за јавни политки се спроведува во рамки на регионалниот проект „Acquis на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. МЦМС, како партнер во регионалниот проект е дел од процесот на доделувањето грантови.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Избрани грантистите во рамки на Балканскиот фонд за јавни политики во Македонија