Избрани грантистите во рамки на Балканскиот фонд за јавни политики во Македонија |
E martë, 28 korrik 2015 11:50 | |||
МЦМС во текот на месец јуни 2015 г. им додели грантови на Здружението Конект и Институтот за демократија „Социетас цивилис“-Скопје, за подготовка на документи за јавни политики. Грантовите се доделни како дел од третиот повик на Балканскиот фонд за јавни политики. Двете организации ќе добијат и континуирана поддршка во спроведувањето на проектот од МЦМС. За избраните проекти „Анализа на политиките во однос на вработувањето во граѓанска организација“ - Здружение Конект - Скопје „Граѓанските организации како даватели на услуги: унапредување на праксата и зголемување на можностите“ - Институт за демократија „Социетас цивилис“- Скопје (ИДСЦС) Двата проекти треба да придонесат кон Извештајот од следење на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество. Во рамките на истиот повик, доделени се грантови и на организации од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. Повеќе информации за другите добитници организации во земјите од регионот се објавени на веб-страницата на БЦСНД. Балканскиот фонд за јавни политки се спроведува во рамки на регионалниот проект „Acquis на балканското граѓанско општество - јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. МЦМС, како партнер во регионалниот проект е дел од процесот на доделувањето грантови.
|