Платформата за борба против корупцијата побара од јавниот обвинител повеќе информации - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Платформата за борба против корупцијата побара од јавниот обвинител повеќе информации PDF Print E-mail
Wednesday, 20 May 2015 15:47

По упатениот јавен повик (25 март 2015 година) до сите надлежни институции во рок од 30 дена да постапат по наводните злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените телефонски комуникации, Платформата за борба против корупцијата, испрати барање до Јавниот обвинител на Република Македонија, г. Марко Зврлевски во кое побара да ја информира јавноста за неколку прашања:

  • Дали е формиран тим на истражители и дали Обвинителството располага со соодветните капацитети за спроведување на потребните истраги?
  • Колку и какви дејствија досега (заклучно со 14 мај, 2015 г.) се преземени?
  • Дали институциите од кои се бараат информации соработуваат?

Platformata za borba protiv korupcijata pobara od javniot obvinitel povekje informacii

Во Платформата сметаат дека Обвинителството е должно (ставот 1 од членот 8 од Законот за Јавно обвинителство) да ја информира јавноста за одделни случаи по кои постапува, особено ако тие предизвикуваат општ унтерес и се за заштита од криминални или други противзаконски дејствија.

„Убедени сме дека овие информации се од општ карактер и нема да наштетат на текот на истрагата, туку ќе придонесат кон зголемена доверба на јавноста во функционирањето, посветеноста и ефикасноста на институциите“, се вели во барањето до Јавниот обвинител.
Во јавниот повик од 25 март 2015 година, Платформата на граѓански организации за борба против корупција, укажа на потребата содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности, односно содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба, што се казниви дејствија за кои се гони по службена должност.

Платформата е поддржана со Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Транспарентност Македонија (ТМ) и  Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ).


Related:

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Платформата за борба против корупцијата побара од јавниот обвинител повеќе информации