Платформата за борба против корупцијата побара од јавниот обвинител повеќе информации - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Платформата за борба против корупцијата побара од јавниот обвинител повеќе информации PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E mërkurë, 20 maj 2015 15:47

По упатениот јавен повик (25 март 2015 година) до сите надлежни институции во рок од 30 дена да постапат по наводните злоупотреби, незаконито постапување, корупција и нарушување на човековите права кои се наведуваат во објавените телефонски комуникации, Платформата за борба против корупцијата, испрати барање до Јавниот обвинител на Република Македонија, г. Марко Зврлевски во кое побара да ја информира јавноста за неколку прашања:

  • Дали е формиран тим на истражители и дали Обвинителството располага со соодветните капацитети за спроведување на потребните истраги?
  • Колку и какви дејствија досега (заклучно со 14 мај, 2015 г.) се преземени?
  • Дали институциите од кои се бараат информации соработуваат?

Platformata za borba protiv korupcijata pobara od javniot obvinitel povekje informacii

Во Платформата сметаат дека Обвинителството е должно (ставот 1 од членот 8 од Законот за Јавно обвинителство) да ја информира јавноста за одделни случаи по кои постапува, особено ако тие предизвикуваат општ унтерес и се за заштита од криминални или други противзаконски дејствија.

„Убедени сме дека овие информации се од општ карактер и нема да наштетат на текот на истрагата, туку ќе придонесат кон зголемена доверба на јавноста во функционирањето, посветеноста и ефикасноста на институциите“, се вели во барањето до Јавниот обвинител.
Во јавниот повик од 25 март 2015 година, Платформата на граѓански организации за борба против корупција, укажа на потребата содржината на снимките да биде посебно и внимателно испитана, затоа што разговорите укажуваат на можни незаконски активности, односно содржината сугерира постоење на корупција, вклучително и масовна злоупотреба на службената положба, што се казниви дејствија за кои се гони по службена должност.

Платформата е поддржана со Програмата на УСАИД за антикорупција што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје (ИДСЦС), Транспарентност Македонија (ТМ) и  Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ).


Te nderlidhura:

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme Платформата за борба против корупцијата побара од јавниот обвинител повеќе информации