Како до поголема реализација на мерките предвидени во Стратегијата за соработка на владата со граѓанското општество? - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Како до поголема реализација на мерките предвидени во Стратегијата за соработка на владата со граѓанското општество? PDF Print E-mail
Monday, 01 June 2015 12:28

На 22 мај 2015 г. МЦМС одржа работилницата за спроведувањето на Стратегијата за соработка на Владата со граѓанскиот сектор за периодот јуни 2012 – декември 2014.

IMG 5450

За предизвиците во досегашниот стратешки пристап на Владата зборуваше Емина Нурединоска. Таа се осврна на значењето од постоење на Стратегијата и на потребата од континуирано следење на нејзиното спроведувањето.

Симона Огненовска, авторка на документот за јавни политики го претстави напредокот во реализацијата на мерките предвидени во Стратегијата. „Различен е степенот на реализаија по мерки“, рече Огненновска, „особено ниска е реализацијата на клучните мерки за развој и одржливост на граѓанското општество“, рече таа и додаде дека половина (48%) од предвидените мерки не бележат напредок. „Одличен напредок бележат 10% од мерките, значителен напредок е постигнат кај 13% нив, а кај 13% има делумен напредок“, рече Огненовска и додаде дека мал напредок се забележува кај 12% од мерките. Само две мерки се во целост реализирани.

Одделението за соработка со НВО и Министерството за труд и социјална политика се издвојуваат како носители на мерки, по бројот на реализирани активности во рамки на акцискиот план.

Работилницата овозможи запознавање и комуникација меѓу 35 претставници на органите на државната управа и граѓанските организации.  Тие заедно ги дискутираа чекорите за можна идна соработка за надминување на предизвиците кои го ограничуваат спроведувањето на дел од активностите по приоритетни области идентификувани во Стратегијата.

Работилницата се спроведе во рамки на проектот „Аки (Acquis) на балканското граѓанско општество: Јакнење на потенцијалот и капацитетите на граѓанските организации за застапување и лобирање“. Проектот е спроведуван од БЦСДН и членките на БЦСДН, во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) и Европската мрежа на национални граѓански организации (ЕННА), а финансиски поддржан од Европската Унија.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Како до поголема реализација на мерките предвидени во Стратегијата за соработка на владата со граѓанското општество?