Институционална трансформација на Пристапот на Ромите до фондови - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Институционална трансформација на Пристапот на Ромите до фондови PDF Print E-mail
Friday, 26 December 2014 15:41

На 11 и 12 декември 2014 година во Скопје се одржа Регионалниот состанок на партнерите на програмата Пристап на Ромите до фондови (ПРФ). Целта на состанокот  на кој присуствуваа 22 претставници на партнерските организации од Македонија, Србија и Хрватска, као и претставници на донаторот Институт Отворено општество од Будимпешта, беше да се сумира развојот на програмата во 2014 година, вклучувајќи ги и достигнувања и потребите за подобрување; да се разговара за целите и активностите за следните две години, и да се разменат знаења и искуства преку посетите на проектите што се спроведуваат во Македонија.

institucionalna transformacija na pristapot na romite do fondovi 2

Партнерите констатираа дека, иако промените кај Фондацијата отворено општество во врска со работата со Ромите се уште може да продолжат, последните одлуки поврзани со МТМ мисијата и операциите во земјите од Југоисточна Европа се релативно во согласност со принципите и одлуките што се поставени со основањето на Пристапот на Ромите до фондови. Исто така, тие разговараа дека во следните две години ќе се фокусираат на институционалната трансформација и одржливоста на мерките за Пристапот на Ромите до фондови.

institucionalna transformacija na pristapot na romite do fondovi 1

Вториот ден од средбата беше посветен на посета на проектите што се реализираат во Македонија. Беа посетени Ромскиот бизнис информативен центар кој го спроведува проектот „Зајакнување и одржливост на Унијата за рециклирање“. Во општина Шуто Оризари беа посетени улиците, реновирани со проектот „Форуми во заедниците“, како и проектот „Работи локално, развивај глобално – но зелено“. Во Скопје исто така беше посетена организацијата Сумнал, Здружение за Развој на Ромската Заедница во Република Македонија, која што го спроведува проектот „Преживеаните од холокаустот – хуманитарна и социјална програма“. Домаќин во Гостивар беше Хуманитарната и добротворна асоцијација на Ромите „Месечина“, а гостите се запознаа со постигнувањата на проектот „Учиме заедно“.

МтМ е иницијатива на Институтот Отворено општество (ИОО). Во Македонија, национални партнери на иницијативата се МЦМС и ИнСок. МтМ се стреми да ги поврзе зацртаните цели за социјална инклузија на Ромите со развојните ресурси на Европската Унија (ЕУ), но и на националните влади со потребите на ромското население.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Институционална трансформација на Пристапот на Ромите до фондови