Презентиран првиот сеопфатен Извештај за проценка на корупцијата во Македонија - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Презентиран првиот сеопфатен Извештај за проценка на корупцијата во Македонија PDF Print E-mail
Thursday, 16 October 2014 12:32

МЦМС го презентираше Извештајот за проценка на корупцијата во Македонија на форумот „Политики за антикорупција“ што се одржа на 14 октомври 2014 година во хотелот Холидеј ин во Скопје. Извештајот дава сеопфатен преглед на сегашната состојба со корупцијата, како и на мерките за спречување на корупцијата во периодот меѓу 2002 и 2013 година.

Prezentiran prviot seopfaten Izveshtaj za procenka na korupcijata vo Makedonija

„Знаеме дека корупцијата ги надминува партиските линии, меѓународните граници и етничките ограничувања – намалувајќи ги човечките ресурси, економската моќ и вербата во владите каде и да се појави“, рече во своето обраќање амбасадорот на САД, Пол Волерс. „Секој долар или денар кој е пренасочен кон лично збогатување е на штета на образованието на нашите деца, финансирањето на болниците и изградбата на нашите патишта“, продолжи тој и додаде дека корупцијата е закана, не само за демократското владеење и економскиот просперитет, туку и за националната безбедност и за суверенитетот.

Иво Котевски, помошник-министерот во внатрешни работи истакна дека борбата против корупцијата и организираниот криминал се еден од основните приоритети на сегашното раководство на МВР. „Од 2008 до крајот на 2013 година МВР откри, документираше и процесуираше 499 случаи на финансиски криминал и коруптивни кривични дела односно во просек по шест случаи месечно. Претпоставената штета во овие случаи се проценува на над 311 милиони евра“, истакна Котевски. Тој додаде дека во овие случаи осомничени се 1.470 лица, почнувајќи од ниско рангирани службеници, преку раководители и директори, па се до градоначалници, министри и други функционери, вклучувајќи и поранешен премиер.

„Оваа година до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се пристигнати околу 200 претставки од граѓани за судир на интереси, а таа бројка секоја година расте. Оваа година до УЈП имаме поднесено 50 барања за испитување на имотна состојба и скоро толку прекршочни барања до суд“, рече во своето обраќање Ѓорѓи Сламков, претседателот на ДКСК. На ДКСК и е потребно зајакнување на капацитетите во делот на судирот на интереси и изработката на Регистар на функционери, што е веќе почнато, со што ќе се овозможи интерконекција со бази на податоци на релевантни институции“, додаде тој.

izveshtaj-za-procenka-na-korupcijata-vo-makedonija„Истражувањето покажа дека корупцијата е рангирана како петти најголем проблем во државата (27,9%), после невработеноста, сиромаштијата, ниските приходи и високите цени“, рече во својата презентацијата Емина Нурединоска, еден од авторите на извештајот. Наклонетост на граѓаните да прибегнат кон коруптивни практики при решавање приватни проблеми малку се намалила (2,7 во однос на 3,1 и 3 порано), а коруптивниот притисок и вклученоста во корупцијата незначително се зголемиле во однос на 2001/2.
Во Македонија има високо ниво на свесност за корупцијата. Извештајот покажува дека прифатливоста на корупцијата е малку зголемена (2,6 наспроти 2,4 во 2002 г.), но и натаму за мнозинството граѓани (55%) не е прифатлив ниту еден облик на корупција. Индексот кој мери дали корупцијата се исплаќа е висок и изнесува 5,3.

Освен перцепциите, Извештајот нуди информации и за реалната корупција и очекувањата и подложноста на корупција. Има разлики меѓу перцепциите и искуството (виктимизација). „Додека цариниците, судиите, министрите и даночните работници се перципирани како најкорумпирани, од друга страна професиите како лекари, локалните власти, полициските службеници и универзитетските професори се оние кои реално се најкорумпираните“, вели Нурединоска.

Иако Македонија има заокружена и релативно добра правна рамка за борба против корупцијата дел од мерките/активностите не се соодветни на реалните потреби. Очекувањата за резултатите во борбата против корупцијата се премногу насочени кон ДКСК, во споредба со другите институции. Отсуството на отворени податоци создава големи тешкотии при анализа на ефикасноста на институциите во борбата против корупцијата.

И покрај неколкуте измени на законската рамка во насока на зголемена независност и интегритет на судството, Извештајот покажа дека перцепцијата за висока корумпираност во правосудниот систем останува многу висока. Околу 74% од граѓаните сметаат дека судиите се корумпирани, додека 61% го мислат истото за јавните обвинители.

Во дело за економијата направена е симулација за пресметка на годишната „цена“ за поткуп дадена од страна на бизнис заедницата и таа изнесува 64 милиона евра. Тоа е 0,85 % од годишниот БДП на Македонија, според податоците за 2012 г.

Шестиот дел од Извештајот се однесува на граѓанското општество кое во одредени периоди одигра значајна улога во напорите за справување со корупцијата. Сепак, на граѓанскиот сектор му се забележува дека не продолжи да развива дебатата за борбата против корупцијата и за улогата и капацитетите на граѓанските организации за борба против корупцијата со очекуваниот интензитет.

Извештајот за проценка на корупцијата е сеопфатен преглед на состојбата и динамиката на корупцијата во Република Македонија. Базиран е на Системот за следење на корупцијата (ССК) развиен од Центарот за изучување на демократијата (ЦСД) од Бугарија, а спроведен од МЦМС во рамките на Програмата на УСАИД за борба против корупцијата.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Презентиран првиот сеопфатен Извештај за проценка на корупцијата во Македонија