Одржана првата седница на новиот состав на Управниот одбор |
Monday, 29 July 2013 13:11 | |||
Новиот состав на Управниот одбор (УО) на МЦМС ја одржа својата прва седница на 25 јули 2013 г. За претседавач на УО е избран Ризван Сулејмани, кој и во изминатиот четиригодишен мандат ја вршеше оваа функција. За заменик-претседавач на УО беше избрана Габриела Мицевска. На седницата беше разгледан и одобрен полугодишниот деловен извештај за 2013 г. МЦМС оствари висока реализација на проектното портфолио, поточно во првото полугодие започна 11, а спроведуваше вкупно 16 проекти (вклучувајќи ги проектите започнати во претходната година). Управниот одбор ја одобри и програмата „Борба против корупцијата (БПК)“, финансирана од УСАИД, а беше разгледан и одобрен и Правилникот за доброволна работа и учење низ работа, со кој се уредуваат условите и начинот за доброволната работа и учењето преку работа; вршењето избор; правата и обврските на доброволците и практикантите; надоместоците; и организацијата и управувањето на доброволната работа и учењето преку работа и вршењето надзор.
|