Соработка помеѓу локални власти и граѓанско општество |
Monday, 20 May 2013 15:17 | |||
На 15 мај 2013 г. во Приштина, Косово се одржа меѓународната конференција „Локална демократија – Подобрување на соработка помеѓу локалните власти и граѓанско општество“ на која, присуствуваа повеќе од 80 претставници на државните институции и граѓанските организации од девет земји од Западен Балкан и Турција. Настанот го организираше косовската канцеларија на ТАКСО во соработка со останатите канцеларии од регионот и со поддршка на Министерство за управување со локална самоуправа во Косово и канцеларијата на Советот на Европа во Приштина. Целта на конференцијата беше да се претстави извештајот „Соработката на единиците за локалната самоуправа и граѓанските организации во Западен Балкан и Турција“ и да се отвори дискусија за заклучоците и препораките од извештајот. На конференцијата, Марија Саздевски од Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) го претстави моделот за развивање на стратегии за соработка на општините со граѓанскиот сектор, што го разви МЦМС, како еден од можните институционални механизми со кои се развива граѓанскиот дијалог на локално ниво. Беше споделено искуството од развивањето на стратегиите во три пилот општини во Македонија (Битола, Дебар и Јегуновце), во рамките на проектот „Граѓански дијалог на локално ниво“ спроведен во 2011 г., финансиран од Европската Унија од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
|