Партиите дадоа финансиски отчет за првите 10 дена кампања - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Партиите дадоа финансиски отчет за првите 10 дена кампања PDF Print E-mail
Friday, 22 March 2013 16:31

analiza-na-prihodi-i-rashodi-vo-prvite-10-denaПрвите финансиски извештаи за предизборната кампања, поднесени од политичките партии, покажаа дека досегашните вкупни расходи изнесуваат околу 1.100.000 евра.

Најголем дел од нив се за кампањата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМЕ, 67%. На второ место според расходите е СДСМ со 20,4%, а на трето ДУИ со 8,8% од вкупните расходи.

Што се однесува до приходите, вкупните изнесуваат околу 450.000 евра, а најголем дел од нив (55%) се приходи за СДСМ. На второ место се приходите за ДУИ, 23,3%, а на трето за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, 10,7%.

Билансот е со негативен предзнак и тоа за нешто повеќе од 630.000 евра, што значи дека политичките партии потрошиле повеќе отколку што имале.

Расходите главно се наменети за реклама и пропаганда. Околу 860.000 евра или приближно 80% се искористени за таа намена. Помал дел од средствата се употребени за изнајмување на простор и опрема и за транспорт. Кај приходите, интересно е што голем број од донаторите се физички лица. Сите досега прибрани средства за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се придонес на 50 физички лица, кај ДУИ, донациите се од 14 физички лица и четири правни субјекти, кај ДПА, од 16 физички лица, а се користени и средства од сметката на партијата, кај СДСМ, четири физички лица и средства од сметката на партијата, итн.

Резултатите се обезбедени од Државната изборна комисија до која, според законските одредби, политичките партии по првите десет дена од почетокот на предизборната кампања ги поднесуваат првите финансиски извештаи.

Анализа на финансиски извештаи за првите 10 дена од кампањата

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Партиите дадоа финансиски отчет за првите 10 дена кампања