Инфографици за програмите на кандидатите за градоначалници - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Инфографици за програмите на кандидатите за градоначалници PDF Print E-mail
Wednesday, 20 March 2013 14:40

МОЈОТ ИЗБОР 2013 - МЦМС и ИДСЦС во рамките на „Мојот избор“ со инфографици ги презентираа анализите на програмите на кандидатите за градоначалници во осум општини.

skopje-mojot-izbor-infographic-2013-t

Во анализите се опфатени темите кои се во надлежност на локалната администрација, а кои кандидатите за градоначалници ги третирале во своите програми. Покрај нив, додадена е и религијата како едно од прашањата што кандидатите го третираат во своите предизборни настапи, а го вклучуваат и во програмите. Темите опфаќаат: урбанистичко планирање, локален економски развој, култура, образование, заштита и спасување, животна средина, комунални дејности, социјална и детска заштита, спорт и рекреација, здравство, граѓанско учество, ИКТ, транспарентност и отчетност и религија.

Анализите се претставени во инфографици, каде можат да се споредат клучните ветувања на кандидатите за секоја од темите. Ветувањата се сумирани што овозможува на едно место да се прегледаат две обемни програми.

Објавувањето започнува со кандидатите за градоначалници на Скопје, Коце Трајановски и Јани Макрадули. Во текот на денот ќе бидат објавени и анализите за програмите на кандидатите за градоначалници на Велес, Славчо Чадиев и Аце Коцевски и на Битола, Владимир Талески и Менде Диневски. До денот кога започнува предизборниот молк, МЦМС и ИДСЦ ќе ги објават анализите за Центар, Карпош, Куманово, Охрид и Струмица.

Споредбата на програмите и зацртаните планови на кандидатите за градоначалници ќе придонесе кон подобра информираност на граѓаните и ќе им овозможи да донесат  информирана одлука за локалните избори 2013.

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Инфографици за програмите на кандидатите за градоначалници