МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Куманово - Qendra Maqedonase për Bashkëpunim Ndërkombëtar

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Куманово PDF Shtyp Shpërndaje me Postë Elektronike
E diel, 17 mars 2013 15:52

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС), во рамки на проектот „Мојот избор“ ги објавија резултатите од истражувањето на јавното мислење во Куаново за: излезноста на изборите, за која листа на советници и за кој кандидат за градоначалник би гласале граѓаните на тие општини.

kumanovoДоколку утре се одржат локалните избори, 21,7 % од граѓаните на Куманово ќе гласаат за Зоран Дамјановски, кандидатот на СДСМ, а 19,3% за Зоран Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО- ДПМНЕ. Потоа следуваат Артиф Љатифи, кандидат на ДУИ, со 9,1%, Алил Куртиши, кандида на ДПА, со 4,1%, Виктор Цветковски, предложен од група избирачи, со 3,8%, Фатри Салиу од НДП, со 2,4 и Предраг Божичковиќ    од СНСМ со 0,3%. Вкупно 36,6% одговориле дека не сакаат да кажат, не знаат, дека нема да гласаат или воопшто не одговориле. Кај советничките листи, 18,7% ќе гласаат за листата на СДСМ, 14,2% за листата на ВМРО-ДПМНЕ, 9,5% за листата на ДУИ, 3,9 за листата на ДПА, а 1,6% за листата на НДП. Процентот на оние што не знаат или не сакаат да кажат овде е 42,5%. Што се однесува до одѕивот на гласачите, 69,9% рекле дека со сигурност ќе излезат да гласаат.

Истражувањето е направено преку телефонска анкета на 15 и 16 март 2013 година, на репрезентативен примерок од 813 испитаници со +/- 3,5 % грешка.

МЦМС и ИДСЦС продолжуваат со спроведување на анкетите во текот утрешниот ден ќе бидат објавени резултатите од уште неколку анкети.

 

Google translate

Na ndiqni

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Проекти

Кодекс за граѓански организации

 

Civica Mobilitas

Отчетни ГО

Граѓански ресурсен центар

 

СЕЛДИ

Се наоѓаш тука  : Fillimi Lajme dhe opinioni Lajme МОЈОТ ИЗБОР 2013 - Како ќе гласаат граѓаните во Куманово