Заедно за евроатлантската перспектива - поделени во перцепцијата за посветеноста |
Monday, 30 July 2012 00:00 | |||
Истражување на перцепциите на јавноста за актуелните општествени и политички теми Заедно за евроатлантската перспектива - поделени во перцепцијата за посветеноста Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Институтот за демократија (ИДСЦС) во јули 2012 г. спроведоа истражување за ставовите на граѓаните за надворешната политика на Република Македонија и односите со Европската Унија (ЕУ), што се состои од прашања кои се однесуваат на стратешката ориентација на Македонија во надворешната политика и постигнувањата на Владата на тој план, како и на процесот на интеграцијата во Европската Унија. Во однос на исправноста на надворешната политика на Македонија, граѓаните се поделени, околу една третина сметаат дека надворешната политика на Македонија се води во исправна насока (30 %), погрешна насока (33,6 %) и се неутрални (23,8 %) или немаат мислење за тоа (12,6 %). Постојат разлики во перцепциите по основа на етничката припадност и повеќе етнички Ма¬ке¬донци, сметаат дека надворешната политика се води во исправна на¬сока (33,7 %) наспроти тие што сметаат дека се води во погрешна (29 %), додека повеќе од двојно ет¬нички Албанци имаат перцепција дека насоката е погрешна (42,6 %), отколку исправна (20,6 %). За интеграциите на Македонија во Европската Унија се истражувани перцепциите за посветеноста на Владата на ЕУ-интеграциите, за приоритетноста на проширувањето на ЕУ воопшто и посебно приемот на Македонија, како и за временската перспектива на ЕУ-членството на Македонија. Перцепциите на граѓаните за посветеноста на Владата на интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО се поделени, 43,2 % сметаат дека Владата не прави сѐ што е неопходно за интеграциите, наспроти 37,6 % кои сметаат дека Владата прави сѐ што е неопходно за евроатлантската интеграција на Македонија. Скоро секој втор граѓанин, односно 47,3 % сметаат дека проширувањето не е приоритет за ЕУ, наспроти 34,6 % кои мислат дека е приоритет за ЕУ. Повеќето граѓани сметаат дека ЕУ не сака Македонија да стане нејзина членка (44,3 %), наспроти 38,4 % кои сметаат дека сака да стане нејзина членка. Постои етничка поделеност во перцепцијата за посветеноста за членство во ЕУ. За етничките Македонци, ЕУ не е посветена на членството, за етничките Албанци не е посветена Владата. Повеќето етнички Македонци (41,8 %) сметаат дека Владата на Македонија прави сѐ што е потребно за интеграцијата во ЕУ (и НАТО), а дека проширувањето во овој контекст не е приоритет на ЕУ (52,7 %) и дека ЕУ не сака Македонија да биде нејзина членка (51,3 %). Од друга страна, етничките Албанци (56,8 %) сметаат дека Владата на Македонија не прави сѐ што е потребно за интеграцијата во ЕУ (и НАТО), а дека проширувањето во овој контекст е приоритет на ЕУ (52,7 %) и дека ЕУ сака Македонија да биде членка (57 %). Секој четврти граѓанин смета дека Македонија ќе стане членка на ЕУ за 6 до 10 години и заедно со тие што се поголеми оптимисти, секој втор граѓанин има очекување за членство за десет години од сега. За разлика од нив секој петти граѓанин смета дека Македонија нема никогаш да стане членка на ЕУ. За методологијата: Истражувањето е спроведено со теренска анкета – лице во лице во домаќинствата од 19 до 26 јули 2012 г. на репрезентативен примерок од 1.600 испитаници. Популациската рамка на примерокот беше население постаро од 18 години, а критериуми за репрезента¬тивност беа: пол, етничка припадност, возрасти место на живеење. Теренската анкетата ја спроведе Институтот за демократија Социетас цивилис (ИДСЦС). Сите резултати од ова истражување се подложни на статистичка грешка од 2,45 %. Преземи го целиот извештај од истражувањето.
|