Проценка на отвореноста на владините институции - Macedonian Center for International Cooperation

Македонски центар за меѓународна соработка - МЦМС

Проценка на отвореноста на владините институции PDF Print E-mail
Monday, 30 April 2012 00:00

Започнаа активностите за проценка на отвореноста на владините институции, односно вклученоста на граѓанското општество во процесот на подготовка на законите. Во проценката се користат прашалници што се испратени до 23 државните институции. Прашалникот ја опфаќа општата комуникација и поддршка на министерствата за вклучување на граѓанското општество во своето работење.

ogledalo

По овој, ќе следува уште еден прашалник што ќе се однесува на процесот на подготовка на актите. Ќе бидат избрани конкретни акти, а критериумите ќе се однесуваат на  комуникацијата и поддршката на средината за учество на јавноста во поединечни министерства и во други органи на државната управа. Актите што ќе бидат избрани ќе бидат дел од Годишната програма за работа на Владата на Република Македонија. Ќе се следат и некои од минималните стандарди на консултации, на пример, период за консултации, извештај за повратни информации итн.

Покрај прашалниците, постојано ќе се набљудува (на интернет) и примената на правилата за транспарентно учество на јавноста за сите одбрани акти.

Одговорите на прашалниците ќе бидат основа за посебна анализа, а резултатите од неа ќе бидат дебатирани и публикувани.

Активностите се дел од проектот Огледало на владата учество на јавноста во процесите на подготовка на закони“ кој е поддржан од Европската Унија од инструментот за човекови права и демократијата (ЕИДХР).

 

Google translate

Follow Us

RSSTwitterFacebookYouTubeScribd

Се наоѓаш тука  : Home News & Publicity News Проценка на отвореноста на владините институции